Контакт

Надворешна политика

ЕП бара почеток на пристапните преговори со Македонија

Објавено пред

Во предлог-резолуцијата на Европскиот парламент (ЕП) во однос на извештајот на Европската комисија (ЕК) за Македонија се бара итно отворање на пристапни преговорите за членство на Македонија во ЕУ, потоа вратена е придавката „македонски“, а во еден случај употребено е и уставното име, но се изразува и загриженост поради политичката криза во земјата.

dobivaj vesti na viber

 

Во вторник известувачот за Македонија при ЕП, Словенецот Иво Вајгл и известувачите во сенка за нашата земја, излегоа со 16 компромисни амандмани, чија главна порака е да се отворат пристапните преговори со Македонија и дека билатералниот спор со Грција треба да се решава во фаза на преговори, без истиот да биде пречка за Македонија да напредува во евроинтеграциите, пренесе дописникот на МИА од Брисел.

 

Потпретседателот на АФЕТ, Хрватот Андреј Пленковиќ, истакна дека Македонија во последно време се наоѓа во ситуација каде политичката стабилност е во прашање поради меѓусебни обвинувања за казнени дела кои се однесуваат и на прислушување. За да се решат овие лоши услови во земјата, тој рече дека треба да се преземат мерки за државата да оди на патот на ЕУ. Европарламентот, рече тој, ги повикува сите актери на конструктивен начин и низ дијалог да се вратат јасните стратешки приоритети на земјата и таа да се насочи на реформи и на патот кон ЕУ.

 

„Имаше 296 амандмани на Предлог-резолуцијата подготвена од известувачот Иво Вајгл, од кои изготвивме 16 компромисни амандмани кои покриваат низа важни прашања, од она за името, преку препорака за итно отворање на пристапните преговори, до влошување на состојбата со медиумите и цивилното општество, меѓунационалните односи и надворешната политика. Долги години, и покрај препораките на ЕК, земјата уште не ги отворила пристапните преговори, што ги фрустрира нашите колеги во Македонија“, посочил Пленковиќ.

 

Известувачот Вајгл, пак, посочи дека Предлог-резолуцијата за Македонија била сложена работа, дека многу теми во земјата се многу сложени и тешки. Тој рече дека сегашната верзија со 16 компромисни предлог-амандмани, во најголема можна мерка ги одразуваат заедничките стојалишта во ЕП, е подобра.

 

„Извештајот за напредокот за Македонија, издаден од ЕК и нашата реакција на истиот е важна со цел да се воспостави чувство на континуитет на процесот на проширување. Македонија низа години е во тој процес и многумина што учествуваа во изработката на ова мислење со мене, воочивме напредок и некои проблеми во земјата. Судирот со Грција, каде сме во пат-позиција е една од главните точки во извештајот и треба на Македонија да и се даде можност да ги отвори преговорите, што не значи и дека не треба понатаму да се работи на некои проблеми, што е можно до завршувањето на процесот на преговори“, порачал Вајгл.

 

Според словенечкиот европратеник, последиците од ова закочување на процесот на приближување на Македонија кон Унијата се негативни, влијаат на економската стагнација и создаваат многу лоша политичка клима во Македонија. Вајгл посочи дека извештајот на ЕК за напредок на Македонија сугерира да се почнат преговорите за членство и да почне сериозна работа на решавање на некои проблеми, однсно се што ќе се утврди како такво во однос на билатералните односи.

 

„Во овој случај, луѓето во Македонија се соочени со низа политички компликации, пред се силна криза на доверба, а и главните политички актери од опозицијата го бојкотираат Парламентот и има сериозни обвинувања од двете страни во поглед на неадекватно однесување и случаи што треба да ги решат судовите и да се утврди дали навистина се случиле“, додал Вајгл.

 

Известувачот додаде дека е исклучително важно за ЕП сите во земјата да ги повика на посветена и постојана работа во Собранието и исто така да се даде внимание на оние прашања кои денеска во Македонија се од исклучителна важност и ако е потребно, законодавниот дом на ЕУ да посредува за разрешување на ситуацијата.

 

Ко-претседавачот со Мешовитиот комитет на ЕП и македонското Собрание, Алојз Петерле, посочил дека почетна точка за ситуација во Македонија е мислењето на ЕК, според кое државата ги исполнува критериумите за отворање на преговорите. Искусниот словенечки европратеник рече дека ова не е резолуција во која се поддржува државата, туку европскиот дух и ориентација во земјата.

 

Петерле алармираше дека отворање на преговорите ќе овозможи да се влијае на целиот процес во Македонија и дека треба да се избегнуваат некои идни закочувања и пат-позиции оти се гледа дека со тоа ништо не се постигнува и нема напреок кој ЕУ сака да го има.

 

Поранешниот известувач од ЕП за Македонија, Ричард Ховит, посочил дека се работи за добри копромисни амандмани и покрај некои разлики внатре во овој парламентарен Комитет. Тој рече дека сега има текст со кој се испраќа одговарачки сигнал и надеж дека европските пријатели во Македонија ќе го почувствуваат.

 

„За оваа резолуција гласаме во тежок момент поради случувањата и односите меѓу политичките партии во Македонија. Иако некои во Скопје сакаа ништо да не кажеме, ние како ЕП со тоа немаше да покажеме одговорност. Мислам дека е подобро и мора да испратиме јасен сигнал на двете политички партии во Скопје и да бараме и поддржиме нивен дијалог, за што е добро и европските социјалдемократи и Европската народна партија (ЕПП) да испратиме заедничка порака. Сакаме ситуацијата во Скопје да е подобра, но и ние овде треба подобро да се однесуваме кон оваа држава. Затоа е добро да се има ваква резолуција“, потенцирал Ховит.

 

Комитетот за надворешни работи на ЕП во вторник ќе гласа за резолуцијата за Македонија, која потоа треба да ја потврди целиот состав (751 европратеник) на Европарламентот, на пленарна седница во Стразбур идниот месец.

 

Резолуциите за земјите-кандидати што ги носи Европскиот парламент, а кои се носат во однос на прогрес-извештаите на Европската комисија, немаат никаква правна основа и истите служат само како политичка порака до Брисел и самите држави на кои се однесува./крај/мф/бс

 

 

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет30 минути

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија31 минута

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија1 час

Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија1 час

Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура

Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода...

Македонија12 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија15 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ16 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ16 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет17 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет23 часа

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија23 часа

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија24 часа

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија24 часа

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет1 ден

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет1 ден

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет1 ден

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...