Надворешна политика
Хан: Евроинтеграциите не се секогаш директен пат, политичкиот договор е чекор во вистинската насока
Процесот на евроинтеграциите не е секогаш директен пат, а отсуството на политичкиот дијалог во Македонија го направи своето, но сепак она што беше постигнато од страна на политичките лидери е чекор во вистината насока, порача во петокот еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан во своето обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.
Хан ги поздрави назначувањето на специјалниот јавен обвинител и враќањето на опозицијата во Парламентот, додавајќи дека изборните реформи мора да се спроведат до предвремените избори кои ќе бидат одржани во април наредната година.
„Сега очекувам поддршка од сите партии за стратешките интеграции во ЕУ и НАТО. Ова е важен договор за сите партиски лидери. Што се однесува до имплентацијата на оваа спогодба, ги следам активностите на работните групи и се радувам на враќањето на опозицијата во Парламентот. Исто така можам да го поздравам законот за новиот специјален обвинител, ова е исто така важен договор и сега е потребна целосна поддршка за тој да може да ги врши своите работи. Вашата земја имплементираше голем број на препораки и оние кои остануваат се амбициозни, а тие ќе донесат вистински промени во државата“, порача еврокомесарот.
Австриецот ги повтори и оние проблеми кои се уште се грижа за Европската комисија (ЕУ), а на кои Македонија мора да работи, со што би се отстраниле сите препреки на патот кон Унијата.
„Изразуваме грижа за независноста на судството, вашите судии се добро обучени и знаат како да го работат тоа, тие треба да бидат оставени самите да го прават тоа. Очекуваме дека новиот специјален обвинител ќе ги има ресурсисте и поддршката кои ќе бидат потребни да се изврши оваа тешка и важна задача за вашата дражвата. Изразивме грижи и за тоа државата да се оддели од партијата и да се воспостават надзорни тела кои би можеле да ја извршат својата работа. Исто така ќе ја споменам и слободата на медиумите, и климата тука треба да се подобри, новинарите треба да се слободни да ја работат својата работа. Што се однесува до реформите во јавната администрација, каде вашата земја имаше добар напредок, од суштинско значење е таа да не биде политиризирана и да не биде предмет на партиски притисоци“, заклучи еврокомесарот.
Според претседателот на Националниот совет за евроинтеграции од редовите на СДСМ, Лидија Димова, исцрпувачките преговори кои власта и опозицијата ги водеа изминатиот период конечно вродија со плод, но сега е време земјата да добие и позитивен одговор од страна на Европската комисија во поглед на пристапните преговори.
„Можеби сега е времето, како што во Националниот совет седиме заедно со власта, исто така Македонија и Грција да седнат заедно и да сфатиме дека решението ќе го најдеме заеднички, а не одвоено. Стратегијата за проширување предвидува преговорите да започнат со преговорите 23 и 24, односно судството и темелните права и безбедноста, правдата и слободата. Заклучоците на советот за правда и внатрешни работи од 25 јуни многу полесно ќе бидат спроведени од ЕУ доколку бидат отворени преговорите токму со овие поглавја. Очекуваме дека ќе добиеме препорака, а ЕК треба да констатира дека западен Балкан не е проблемот, туку е решение за бегалската криза, а од тука ќе се предвидат активности во рамките на Берлинскиот процес, со кои активно Македонија и останатите земји од западен Балкан ќе бидат вклучени во ова“, изјави Димова.
Според потпретседател на Националниот совет за евроинтеграции од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Македонија се наоѓа во долг период на исчекување кон следниот чекор од процесот на евроинтеграциите, и сега таа не очекува само препорака од страна на ЕК, туку и почеток на пристапните преговори.
„Македонија доби многу препораки а овојпат дозвлете ми во име на пратениците и граѓаните да порачаме дека не очекуваме само препорака туку и почеток на преговорите. После сите напори кои ги направивме минатата година, непостапувањето и невлегувањето во следниот чекор, за Македонија ќе значи само дополнително влошување и нервоза кај општеството и граѓаните. Таквата нервоза стана фрустрација а таквите фрустрации создадоа огромни политички и општествени проблеми“, потенцираше Димовски.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, пак, додаде дека рестартирањето на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) со состанокот на кој ќе присуствува и Хан, може да се искористи за да ја води земјата напред во процесот на евроинтеграциите.
„Формата на дијалогот на високо ниво може да се искористи за да ја води земјата напред во два аспекта, односно на издигнувањето на демократското ниво и стандардот, а како второ тоа е целосната интеграција во ЕУ. Реформите треба да се спроведат за анс самите и да се врати довербата во нашите институции. Препораките се веќе познати и приоритетите се утврдени, јас сум убеден дека капацитетите за спроведувањето на истите нема да отсуствуваат доколку се промовира демократскиот дијалог и консензусот во нашето општество“, заклучи Бесими./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.