Надворешна политика
Иванов: ЕУ на Балканот е сé уште идеја со огромна трансформирачка моќ
Европската идеја, покрај се што се случува на Балканот, е се уште идеја со огромна трансформирачка моќ, и не постои друга идеја на Балканот која може да ги принуди балканските земји доброволно да се менуваат, истакна во вторникот претседателот Ѓорге Иванов на 25. Европски форум во Круница Здруј, Полска, на сесијата на тема „Кон флексибилна Европа: Стратегии за иднината“.
Европската идеја, покрај се што се случува на Балканот, е се уште идеја со огромна трансформирачка моќ, и не постои друга идеја на Балканот која може да ги принуди балканските земји доброволно да се менуваат, истакна во вторникот претседателот Ѓорге Иванов на 25. Европски форум во Круница Здруј, Полска, на сесијата на тема „Кон флексибилна Европа: Стратегии за иднината“.
Во услови на криза, како што рече Иванов, Европската унија не функционира затоа што не може да носи одлуки.
„Во криза кога не можете да носите одлуки, тогаш кризата се зголемува и се предизвикуваат многу штети“, изјави Иванов.
„Ние како и другите земји на Балканот ја сакаме Европа, не во овој момент да стигнеме до неа, туку да патуваме кон неа. Повеќе ни е поважен патот кон неа, отколку самото членство во неа, затоа што сите европски стандарди и принципи се усвојуваат кога почнуваат преговорите. Поглавје по поглавје како земја се европеизирате. Тоа ни треба на сите балкански земји да се европеизираме, да имаме европски стандарди, критериуми и принципи“, рече Иванов.
Покажавме, истакна македонскиот претседател, дека и во услови на најголема економска криза Македонија може да се справи економски, дури бевме и единствена земја која има највисок економски раст за време на економската криза.
Една од темите на сесијата, на која учествуваа и полскиот претседател Анджеј Дуда и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ беше и мигрантската криза.
Говорејќи на оваа тема, претседателот Иванов посочи дека администрацијата и полицијата во Македонија секој месец троши над милион евра за да обезбеди вода, храна и заштита на мигрантите, а како што додаде од ЕУ досега имаме добиено 90 илјади евра.
Според Иванов, поучна за овој период е мислата на Бенџамин Френклин кој кажал „Ќе се држиме заедно или ќе висиме одделно“. – Тоа се случува сега себичноста создава сосема поинаква претстава за другиот, како и сосема поинакви претстави и за исламот и за бегалците и за мигрантите, рече Иванов.
Како луѓе кои живееме на континентот Европа, нагласи Иванов, треба да знаеме дека најголемата потврда дека ЕУ ја заслужи Нобеловата награда за мир се токму бегалците. – Секој од нив вели дека доаѓа во Европа токму поради мир, нагласи македонскиот претседател.
Претседателите на Полска и Хрватска на панелот меѓу другото истакнаа дека мора да продолжи проширувањето на ЕУ, затоа што тоа според нив, ќе ја зајакне Европа на економско ниво.
Иванов во неделата оствари и билатерална средба со полскиот колега Анджеј Дуда, на која се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји, за соработката во сферата на одбраната и безбедноста, за економската и образовната соработка, како и за претстојниот Самит на НАТО во 2016 година во Полска, во контекст на можностите за деблокирање на членството на Македонија, како и за состојбите во ЈИЕ и мигрантската криза.
По повод Денот на независноста на Република Македонија во Круница Здруј беше организирана Македонска вечер на која беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија.
Шефот на македонската држава во среда ќе учествува на Форумот на млади лидери на сесијата „Лидери на утрешнината-Какви лидери и се потребни на Европа во 21 век“.
Во фокусот на годинешниот економски форум е економската и политичката ситуација во Европа и во светот, енергетската безбедност и иновациите.
Економскиот форум, кој оваа година се одржува 25. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел од континентот. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за разој на политичката и економската соработка во Европа.
Во македонската делегација, предводена од претседателот Иванов е и министерот без ресор Фуркан Чако, кој пред полските бизнисмени ќе ги презентира поволностите и можностите за инвестирање во Република Македонија./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.