Надворешна политика
Комитетот на ЕП ја усвои резолуцијата на известувачот Вајгл за Македонија
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), во вторникот ја усвои Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл за Македонија, во која по деветти пат се бара итно отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија (ЕУ).
Анти-македонските амандмани на коалицијата на европратеници од Грција и Бугарија не пројдоа во однос на оваа Резолуција што се однесува на последниот извештај на Европската комисија за Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Известувачот Иво Вајгл, во понеделникотизлезе со 16 компромисни амандмани, како одговор на рекордните 296 амандмани поднесени на неговата Предлог-резолуција. Европратениците во рамки на АФЕТ-групата во вторникот ги изгласаа овие амандмани, при што за издвојување е тоа што ЕП по деветти пат бара отворање на пристапните преговори за Македонија, повторно (во однос на макеоднската Влада) се употребува придавката „македонски”, а и се осудува сегашната политичка криза во земјата и од Владата и опозицијата се бара во рамки на Собранието да ги решат поделбите.
ЕП бара конструктивен и инклузивен дијалог на Владата и опозицијата и дека е поделена одговорноста на Владата и на опозицијата да обезбедат одржлива политичка соработка, што е есенцијално за демократскиот развој на земјата.
Европскиот парламент го повторува по деветти пат повикот до Советот да одреди датум за почеток на пристапните преговори без понатамошно одложување со цел да не се загуби моментумот, да се зголемат реформите поврзани со европското законодавство и да се засили процесот на демократизација.
„ЕП повторува дека прашањето за името, што е билатерално прашање, не треба да претставува пречка за отворање на пристапните преговори, иако треба да се реши пред завршувањето на процесот на преговори. Исто така, ЕП го поддржува размислувањето на Комисијата дека неуспехот на страните да најдат компромис по две декади на посредувани разговори има директно и негативно влијание на европските аспирации на земјата и нејзиниот народ. Се повикуваат двете влади да превземат конкретни чекори кон изнаоѓање на заеднички прифатливо решение и ја повторува важноста и потребата од конструктивен пристап за решавање на билатералните прашања со соседите“, порачуваат од Европскиот парламент.
Во оваа Резолуција, се потсетуваат земјите-членки на ЕУ да се вратат на предлогот за отворање на преговорите со Македонија во 2015 година, со назнака дека отворањето на преговорите може само позитивно да влијае да се решат билатералните прашања. Притоа, ЕП наведува дека понатамошно продолжување на статус-кво ситуацијата го минира кредибилитетот и ефективноста на политиката на проширување на ЕУ и позицијата на Унијата во регионот.
Новата Резолуција на Европскиот парламент за Македонија идниот месец треба да биде потврдена од целиот состав (751 европратеник) на Европарламентот, на пленарна седница во Стразбур идниот месец. Резолуциите за земјите-кандидати што ги носи ЕП, а кои се носат во однос на извештаите на Европската комисија, немаат никаква правна основа и служат само како политичка порака до Брисел и самите држави на кои се однесуваат./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.