Контакт

Надворешна политика

Милошоски: Потребен е заеднички компас на однесување и постапување во однос на мигрантската криза

Објавено пред

Она што во моментот недостига во поглед на мигранската криза е заеднички компас на однесување и постапување, истакна потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски во петокот на Медитеранскиот форум на тема „Промовирање на безбедноста и соработката во Медитеранот“. Форумот се одржа во рамки на работниот дел на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ чиј домаќин од денеска до 2-ри октомври е парламентот на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Се соочивме со тој проблем како мала држава којашто беше на една од мигрантските рути и се обидувавме да најдеме начин како и да ја заштитиме нашата меѓународно призната граница, но исто така и да им помогнеме и на другите држави на север од нас, на Србија, Хрватска, Унгарија, Словенија, на Австрија да имаат што помал прилив од бегалци коишто би оделе накај нивните земји. Но во тој период Македонија се соочи со еден европски феномен, разногласие во ЕУ. Претставници на држави членки на ЕУ, на еден дел од нив, не охрабруваа да поставиме ограда на нашата граница и укажуваа дека таков чекор ќе значи дополнителен кредит на Македонија во нејзините напори во рамките на ЕУ, додека други држави членки не обесхрабруваа да го направиме тоа тврдејќи дека преголемото контролирање на реката на бегалци и мигранти може да нé дискредитира во очите на меѓународните организации“, рече Милошоски.

Земјите членки на ОБСЕ и на ЕУ мора да се држат до меѓународното право, бидејќи тоа може да биде најмал заеднички именител за тоа како да се соочиме со мигрантската криза која што не е природен феномен, туку е политички, социјален и безбедносен феномен кој што почна и кој сеуште не е завршен.

„Никој не може да се обвини за оваа безбедносна криза и воени конфликти во Ирак, Сирија и други земји, но никој не може да ги оправда земјите членки на ЕУ за некоординираноста и пасивноста понекогаш по однос на ова бегалско и мигрантско прашање. Сметаме дека треба во следниот период посебено организации како ОБСЕ со медитеранските партнери да направат заедничка стратегија за мигрантската криза“, рече Милошоски.

Македонија стои на располагање за сé она што ќе биде утврдено како стратегија да го даде својот активен придонес кон кризата со бегалците и мигрантите и кон контролираното движење и контролиран тек на овој проблем со мигрантската криза.

Малин Ларсон Граве од Европската канцеларија за поддршка на азил, формирана во 2010-та година, со седиште во Малта кои делуваат како центар за експертиза на азил и придонесуваат кон имплементација и развој на законската рамка на ЕУ и заедничкиот систем на азил, информираше за состојбата со бројот на баратели за азил. Според неа, оваа година во однос на минатата се забележува побрзо решавање на барањата за азил кај ЕУ земјите.

„Главни земји на потекло на барањата е Сирија, по што следи Авгснистан и Ирак. Заедно тие претставуваат повеќе од половина или 55 отсто од сите барања за азил регистрирани во ЕУ плус. Германија останува прва во однос на земјите кои примаат барања за азил, а што се однесува на распределноста во трите главни земји се распоредени 75 проценти од барањата за азил“, рече Граве.

На Петнаесеттата есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), чиј домаќин е Собранието на Република Македонија, се очекува учество на делегации од 51 земја учеснички во ОБСЕ од Европа, Централна Азија и Северна Америка, и земји-партнери за соработка со ОБСЕ./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија14 часа

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните...

Македонија14 часа

(Видео) Петрушевски: Љупчо дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите

„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието,...

Македонија15 часа

Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е...

Македонија15 часа

Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана, не ни требаат тензични состојби, оценува Таравари

Според министерот за здравствo Арбен Таравари, одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана. „Уставниот суд, за жал, се судии...

Македонија15 часа

Ковачев: Ќе бараме ВМРО-ДПМНЕ да ја исклучат од Европската народна партија

Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа...

Топ16 часа

Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот

Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Македонија17 часа

Почнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...

Свет18 часа

(Видео) Напад со нож во Ротердам: има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам. Како...

Свет18 часа

Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот

Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на...

Свет19 часа

Подморницата „Титан“ се расипа само неколку дена пред фаталното нуркање

Подморницата која имплодираше при фаталното нуркање до потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите петмина на бродот, се расипа неколку...

Свет19 часа

Нова студија ја потврди теоријата дека коронавирусот почна од кинески пазар

Нова студија за потеклото на Ковид понуди дополнителни докази за поддршка на теоријата дека вирусот првпат бил пренесен на луѓето...

Европа19 часа

Русија: Ќе ги браниме нашите интереси на Арктикот и во воена смисла

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на...

Свет19 часа

„Компонентите од пејџерите користени во експлозиите во Либан не се од Тајван“

Компонентите користени во илјадници пејџери детонирани во Либан во вторникот не се направени во Тајван, рече тајванскиот министер за економија...

Македонија1 ден

Очигледно раководството на Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција па ја обвинува Бугарија, вели Ковачев

Во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака...

Македонија1 ден

Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка...

Македонија1 ден

Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис...

Македонија2 дена

Мажот од Кочани, кој почина од западнонилска треска, дал податок дека не патувал никаде

Мажот од Чешиново-Облешево, кој почина од западнонилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно...

Македонија2 дена

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на...

Македонија2 дена

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски: „Тој провоцира, ги известивме партнерите“

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја нарече земјата „нецивилизиран...