Надворешна политика
Продлабочување на економските и социјалните реформи во Западен Балкан и Турција со помош на ЕУ
На министерскиот дијалог одржан во средата со ЕУ, земјите од Западен Балкан и Турција се обврзаа да ги продлабочат економските и социјални реформи за зајакнување на макроекономската стабилност како и да ја поттикнат конкурентноста и растот, соопштуваат од Канцеларијата на ЕУ во Македонија.
На министерскиот дијалог одржан во средата со ЕУ, земјите од Западен Балкан и Турција се обврзаа да ги продлабочат економските и социјални реформи за зајакнување на макроекономската стабилност како и да ја поттикнат конкурентноста и растот, соопштуваат од Канцеларијата на ЕУ во Македонија.
Во заклучоците усвоени на средбата, беа прифатени политичките препораки на секој од седумте партнери за проширување, со јасен фокус на структурните реформи.
„Основна цел на стратегијата за проширување на ЕУ е да го зајакне економскиот и социјален развој во нашите земји-партнери. Денес, дискусијата ја фокусиравме кон тоа како да се имплементираат економските реформи согласно ЕУ. Јас сум задоволен што сите земји вклучени во процесот на проширување покажаа голема посветеност при вежбата, фокусирајќи се на структурните и социјалните реформи,“ рече еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.
Заеднички усвоените политички насоки се темелат на Програмата за економски реформи, која властите ја развиваат на годишна основа и ја поднесуваат до ЕУ на крајот на јануари. Програмите се за период од три години. Тие опфаќаат макроекономска и политичка фискална рамка и приоритетни структурни реформи за поттикнување на растот и конкурентноста. Овие структурни реформи варираат од либерализација на енергетскиот, транспортен и телекомуникациски пазар, справување со високата стапка на невработеност, подобрување на квалитетот на образовниот систем, и меѓу другото подобрување на бизнис средината и привлекување нови инвестиции.
Оваа програма има за цел да им помогне на земјите вклучени во процесот на проширување на ЕУ да го поттикнат својот економски и социјален развој, постепено поддржувајќи ги при постигнување на економските критериуми за влез во Унијата.
Како што е наведено во Заедничките заклучоци, Македонија се согласи да ја зголеми транспарентноста на буџетот, да ги зајакне капацитетите при планирање на буџетот и да донесе програма за реформирање на јавното финансиско управување. Истовремено постигнат е договор со чија помош ќе се осигура дека јавните инвестиции може подобро да се приоритизираат во транспарентен процес и ќе бидат спроведени брзо и ефикасно.
За да се обезбеди финансиска стабилност, властите ќе развијат стратегии за решавање на неповолни заеми и поттикнување на употребата на домашната валута при финансиски трансакции. Владата се согласи да биде потранспарентна при усвојувањето на легислативата и да ја зајакне независноста на стопанските судови. Конечно, владата се согласи да се донесат мерки кои ќе ги охрабрат луѓето да се вклучат на пазарот на труд како и мерки за понатамошно зајакнување на Агенцијата за вработување, стои во соопштението од Канцеларијата на ЕУ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.