Македонија
Нови кривични пријави против обвинители во Специјалното јавно обвинителство

Различни физички лица поднеле нови кривични пријави против обвинители во Специјалното јавно обвинителство за кривично дело малтретирање во вршење на службата, потврдуваат од Основното јавно обвинителство.
Со претходните пријави досега се поднесени вкупно шест пријави против обвинители во новото обвинителство, една од кривичните пријави е против три познати лица, обвинители и неколку непознати лица, три од кривичните пријави се против неколку непознати лица и две од кривичните пријави се против двајца обвинители и неколку непознати лица.Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена една кривична пријава против едно лице, вработено во Министерството за внатрешни работи, за строено кривично дело, незаконито влијание врз сведоци.„Поднесените кривични пријави се распределени за натамошно постапување кај надлежни обвинители“, соопштуваат од Јавното обвинителство.Од Специјалното јавно обвинителство за Макфакс изјавија дека обвинителите постапувале согласно законските овластувања и најавуваат дополнителни информации на прес конференција.Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во понеделникот се повика на демантот од Обвинителството и не прецизираше дали навистина сведоците во Обвинителството се испрашувале без адвокат и нивните искази не биле снимани.„Предистражаната постапка е тајна и сите сведоци кои се сослушани и кои ќе бидат сослушани ќе бидат предмет на оценка на судот кога ќе се отворат истражните постапки“, рече Јанева.Тимот на Специјалната обвинителка во понеделник започна увид во предметот „Пуч“, во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев.„Од судот на располагање ни е оставена просторија за вршење на увид. Како што напомнавме увидот се уште трае и во овој момент не сме во можност да Ви обезбедиме дополнителни информации“, информираат од Специјалното обвинителство./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Одговорноста за високите сметки на струјата е кај Владата на Мицкоски

„Мицкоски не може да избега од оговорноста за високите сметки за струја кои се покачени и до 30%. Високите сметки за струјата не се поради лошото читање на броилата туку поради лошото менаџирање од страна на владата. Тоа е клучниот проблем, неспособноста на власта која купува скапа струја на пазарот затоа што нема доволно домашно производство, а тоа го плаќаат граѓаните. Минатата година околу 240 000 мегават часови помалку нашиот домашен систем а се направил увоз од 36 милиони евра на грбот на народот. Затоа граѓаните плаќаат 30% поголеми сметки за струја“, велат од СДСМ и додаваат:
„Во време на светска енергетска криза, кога мегават час изнесуваше и до 550 евра граѓаните плаќаа помали сметки за струја, за разлика од денеска кога плаќаат повисоки сметки а мега ват час изнесува 120 евра. СДСМ поднесе закон за намалување на сметките на струја на граѓаните но Мицкоски и тоа го одби. Понатаму, во управниот одбор на ЕВН владин претставник е член на ДПМНЕ, Игор Гиевски. Во ЕВН ХОМЕ каде што се пресметуваат сметките е син на поранешен градоначалник на ДПМНЕ, Митревски. Сè е во рацете на ДПМНЕ, а Мицкоски не може да избега од одговорноста. Ова е нивен неуспех, нивна вина и нивна директна штета врз стандардот на граѓаните“.
Македонија
Без струја утре дел од општината Студеничани

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектите лоцирани на депонијата Дрисла, како и корисниците лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла, општина Студеничани.
Македонија
„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 % поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините за 50% и нивно законско регулирање, со што Владата повеќе нема да може произволно да ги зголемува цените и бројот на патарините“, велат од партијата Левица.
„Македонија има највисоки цени за патарини во регионот, а квалитетот на патиштата останува на незавидно ниво. Наместо модерна и безбедна патна инфраструктура, граѓаните секојдневно се соочуваат со неодржувани и неосветлени патишта полни со кратери, несоодветна сигнализација и небезбедни услови за возење. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) на годишно ниво генерира огромни приходи кои треба да се користат за подобрување на инфраструктурата, но реалноста покажува дека тие средства не се трошат соодветно, па имаме опасни патишта кои убиваат.
Особено во време на висока инфлација и драстично намален животен стандард, дополнителниот товар од високите патарини претставува неправеден финансиски притисок врз граѓаните. Овој предлог-закон е разумно решение кое ги штити интересите на народот и овозможува транспарентност во начинот на определување на цените за користење на јавните патишта.
Инаку, ваков предлог-закон Левица предложи и во минатиот мандат, во 2022 година. Тогаш пратениците од ДПМНЕ го поддржаа предлогот, а владејачкото мнозинство составено од СДСМ и ДУИ го одбија.
Ги повикуваме пратениците во среда, 19 март, да покажат демократска одговорност и да го поддржат ова законско решение. Пратениците од ДПМНЕ мораат да се вразумат и да престанат со нивната заслепеност од ароганција. Предлогот е поднесен од пратеничката група на Левица која зад себе има легитимитет од околу 70.000 граѓани, а барањето за поевтини патарини и крај на ваквиот грабеж е оправдано барање на народот“, соопштуваат од партијата Левица.