Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги активира на копче Соросовите платеници
Како што на виделина излегуваат се повеќе и повеќе детали за начинот на кој мрежата на организации под контрола на СДСМ/Сорос го корумпира невладиниот сектор, така расте и паниката во нивните редови, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Деновиве, како и многупати досега, повторно сме сведоци како овие т.н. граѓански организации повторно се обидуваат да се претстават како автентични и слободоумни претставници на цивилниот сектор, иако документите кои се појавуваат од нивната тајна комуникација уште еднаш го потрдуваат она што целата јавност веќе добро го знае – не се ниту автентични, ниту слободоумни, туку се слуги на политичките интереси на СДСМ/Сорос. Овие организации кои Сорос и нивниот политички партнер СДСМ ги активира на копче зависно потребите на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата злосторничка дружина, не се претставници на граѓаните на Република Македонија“, се вели во партиското соопштение.
Овие организации од кои произлегуваат ликови како Владе Милчин, Павле Богоевски, Ивана Туфекгџиќ, Лидија Димова и други, не го претставуваат вистинското граѓанство во Македонија, туку само оној слој на граѓани кои одлучиле да сеат магла дека се невладини, а да седат во скутот на СДСМ, на неговите пратенички листи или во извршните органи на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Македонија нема потреба од платеници кои за туѓи политички интереси и агенди ќе вршат насилни кампањи против волјата на мнозинството./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.