Контакт

Политика

Заев: Бараме поддршка за стабилна влада

Објавено пред

Не бараме 63 пратеници, бараме стабилна влада за да донесеме закони и одлуки кои вие ги заслужувате. Барам поддршка, барам глас за да може Македоснија да биде земја со која ќе се гордееме, рече челникот на СДСМ Зоран Заев во петокот носителот на кандидатската листа на опозициската коалиција во Изборната единица 4.

dobivaj vesti na viber

„Навистина сме до крајот на ова владеење. Гевгелија заборави да се смее како и остатокот на Македонија. Во овие десет години имаме злосторничка власт. Затоа ние веќе победивме. Готово е“, порача Заев, на митингот во Гевгелија на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“.

Посочи дека и на последниот дуел на кој бил покане лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски не дошол. „ Ако е кукавица и не доаѓа на дуели нека го напушти своето место… Да разговараме за тоа што го интересира нашиот народ. Зошто бегаш? Прифати дуел зошто тоа им го должиш на граѓаните кои те издржаа десет години. Но тој не прифаќа дуел зашпто сé се знае и сé е јасно. Секој знае само прашање е како ќе се гласа“, Заев.

„Треба да знаете дека вие не сте само приматели на субвенции и социјална помош. Но вие сте и родители на вашите деца и сте деца на родители. Ве повикувам заедно да ја вратиме слободата, правдата, животот во нашата земја“, им се обрати Заев на неопределените.

„Ги мавав во чело сé додека не ги клекнав, заедно со вас на колена. Ми велат било ризично, но се работи за нашата татковина и нашата земја и ние немаме друга татковина и друг народ, и тоа е наша обврска“, рече Заев.

Според него власта можела да се урне уште во мај, но не се одлучил за таков потег, бидејќи не сакал кровпроелвање.

„Ние се одлучивме да преговаравме и преговаравме, бидејќи верувавме дека ќе падне режимот без капка крв. А зошто ќе падне? Бидејќи имам докази, Груевски се шегуваше. Заминаа сите перјаници на оваа власт: Јанакиески, Мијалков, Јанкуловска, Ставрески сите тие заминаа.И Протуѓер заминал, но не признаваат. Кога реков дека ќе даде оставка и Груевски, тој се смееше. А сега еве го веќе една година е во оставка“, рече Заев.

Во Гевгелија лидерот на социјалдемократите ја презентираш изборната Програма, за којашто рече дека е „идниот буквар“, според кој ќе работи новата влада, „по кој ќе се врати животот во Мекедонија“.

Заев ги повтори проекциите за минималната плата, за враќањето на парите кај граѓаните, за враќањето на данокот на додадена вредност и оти институциите ќе бидат вистински сервис на граѓаните.

„Најавувам ново време нова иднина на Македонија.Ќе бидеме сервис за граѓаните“, рече Заев, и додаде дека „ќе има правда во државата, но нема Заев да ги поставува граѓаните, туку тоа ќе биде според стручноста“.

Заев говореше и за идните промени во здравството, образованието и земјоделството. Вети дека ќе се формира соцет за доминантна политика кој ќе мери колку треба да се зголемат пензиите. „Ако се зголемат цените за30 отсто, и пензиите ќе се зголемат“, појасни лидерот на СДСМ.

„Ако може Груевски да потроши милијарда за споменици, ние ќе потрошиме за работни места за вработување на младите. Ќе ја потрошиме сета сила за младите. Да не заминуваат, де не ги гледаат нашите мајки само преку интернет. Да живеат до нив“, рече Заев./крај/мф

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија1 час

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија2 часа

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија4 часа

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...

Македонија5 часа

„Тој сѐ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор, ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи ја коментираш тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена...

Свет5 часа

Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави

Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по...

Свет5 часа

Пристигна првата реакција на Хамас откога Трамп рече дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“...

Свет6 часа

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет7 часа

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа7 часа

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ1 ден

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија1 ден

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија1 ден

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ1 ден

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија1 ден

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Регион1 ден

Грција не престанува да се тресе: најсилниот земјотрес утрово со јачина од 4,9 степени, десетици семејства чекаат на пристаништето во Санторини

Утрово четири земјотреси се регистрирани во морското подрачје југозападно од Санторини, од кои најсилниот бил со јачина од 4,9 степени...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Ќе ги релаксираме правилата за задолжување доколку земјите членки трошат за одбрана

Европската комисија е подготвена да примени флексибилност во примената на Пактот за стабилност и раст, кој пропишува фискална дисциплина, доколку...

Свет1 ден

(Видео) Ел Салвадор ќе ги прифати депортираните опасни криминалци од САД

Ел Салвадор вчера им понуди на Соединетите Држави да ги прифатат депортираните „опасни криминалци“ во нивните затвори, изјави американскиот државен...