Контакт

Политика

Плунка насекаде, ама “прај се на Тошо”

Објавено пред

На син ми се обидував да му објаснам зошто ќе одам да гласам и што ќе промени тоа ако заокружам некое бројче: „Синко, не постои идеален човек, идеален политичар! Кога бираме јаболка, ако јаболката се со црвчиња,  ќе ги избереме најмалку црвливите“

dobivaj vesti na viber

Имаат ли политичарите образ! За и во име на народот, се испоплукаа, се изнаудираа медиумски шлаканици, во бели ракавици и на културен политички јазик си отераа “и мајки и шајки”, а на крај сите повторно велат дека се демократи за подобра иднина токму на тие што ги удавија по медиумите со лажги и “гурабии за пред спиење”. Секоја чест на поединци, ама толку плукање од една страна, а толку многу повици за заедништво, создава многу лицемерна слика што дури и врапците на гранка почнаа да се мајтапат на таа тема. Од друга страна, тоа создава во квантумот на разочараност кај поединци револт кој рефлектира со бојкот и создава одбојност да се оди до гласачката кутија и да се гласа. Тоа, пак (така вели китапот), создава една огромна бројка “неопределени” и тоа е, всушност, многу опасен синдром, затоа што во една држава со многу неопределени гласачи стварноста е опасно критична, што значи дека народот не бендисува ама баш никого! Знам многумина кои велат “сите се лопови”… “сите се исто л….”, “не гласам за никого…”* * *И јас во еден период бев еден од оние кои сметаа дека ама баш никој не заслужува да го гласаш и дека сè е таква фарса што создава одвратност. Арно ама, во животот добив една лекција која го смени мојот поглед на нештата и мојот став кон гласањето. Станува збор за следнава случка.На почетокот на деведесеттите години, му бев личен асистент на првиот шеф на американската мисија во Македонија, г-дин Виктор Комрас. Му бев возач, преведувач, носач, телохранител, со еден збор “момче за сè”! А, тој… беше голем човек. Еден од ретките луѓе што сум ги запознал во својот живот, а за кој можам да кажам дека би го слушал што зборува цел ден. Се гордеам што во еден дел од својот живот сум работел како возач, но барем не му бев “шофер” на кој и да. Виктор Комрас беше “чоечиште”. Ги видел сите континенти и секаде има по некој пријател од различен вид, боја, раса, религија. Ми беше идол. Се сомневам дека многу толку квалитетни Американци по него дојдоа на Илинденска, со чест на исклучоци, нели. И,.. знаете ли што ми има речено тој човек, кога на првите парламентарни избори му реков дека не сакам да излезам на гласање?! Со оглед на тоа дека ме сметаше за близок, си дозволуваше честопати да употребува изрази вон стандардното професионално клише, а јас не се лутев затоа што знаев дека ми збори “за арно”! Неговите зборови беа: “Да знам дека не си излегол да гласаш, ќе те натепам како магаре! Та, која иднина очекуваш да стои пред тебе и семејството доколку не ја каниш да те пречека!? Иднината на земјата не е во рацете на никој друг, туку во твоите. Замисли си така да размислува мнозинството од населението, кого ќе обвинувате потоа дека земјата е во хаос, во несакана ситуација во која твојот глас можел и тоа како да ја смени!? Замисли си, имаш своја независна татковина првпат во историјата, а се однесуваш кон неа неодговорно со тоа што не излегуваш да го дадеш својот глас за тоа каква сакаш да ти биде таа. Таа е твоја… твојот глас е твој. Заедничка ви е и судбината и иднината. Ти и твојата татковина сте едно! Биди одговорен кон неа, за да биде и таа кон тебе!”Виктор Комрас си замина од Македонија, останаа спомените. Пораката на неговите зборови ме натераа да излезам и да гласам. И на следните… и на следните…Неговите ставови станаа мои ставови (по тоа прашање). Беше во право. Деновиве кога на мојот малолетен син се обидував да му објаснам зошто ќе одам да гласам и што ќе промени тоа ако јас одам и таму заокружам некое бројче, во немање поинаков пример му реков: “Синко, не постои идеален човек, идеален политичар, идеален државник, ништо на светов не е идеално! Арно ама…, кога одиме на пазар и избираме јаболка, ако гледаме дека јаболката згора-здола се со дамки и понекое црвче, па ако веќе дома мора да имаме јаболка за здравје (а, нема други), ќе избереме најмалку црвливи од сите што се на тезга!” Потоа прејдов на поконкретно: “На Македонија ì е потребен (колку-толку) “нормален” претседател, затоа што ако нема, таа нема да биде здрава, ќе биде болна, како што ти нема да бидеш здрав ако не јадеш овошје, па нека имало и понекое црвче!”* * *П.С. Денес децава се родени со “три факултета”! Ме разбра “од прва”! Неговиот одговор беше одушевувачки и помалку шеретски, а јас се согласив 102 отсто, што би рекол Амди Бајрам. Вели: “Разбрав де! Кога имаш комшии кои се сите до еден ‘тупатори’, ќе се дружиш и ќе бидеш близок барем со оној што ‘најмалку тупи’, а без комшии не се може!” Или, пак, поубаво би рекол дека ако веќе мораш да бираш до кого ќе седнеш во автобус, секако ќе избереш да седнеш до оној што изгледа барем малку поуредно од останатите… За детската логика ова ми е доволно, а јас никако да ì побегнам на една синтагма во главата што ми зуи цело време, иако можеби нема никаква врска ама: “If you cannot avoid a rape, try to enjоy it!” (“Ако не можеш да избегнеш силување, обиди се да уживаш во тоа!”)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Објавено пред

Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.

– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.

Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.

– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.

Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно

Објавено пред

Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.

dobivaj vesti na viber

„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.

Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.

„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.

Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.

Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Објавено пред

На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.

dobivaj vesti na viber

„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.

Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.

„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија5 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија6 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ9 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија9 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет11 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет11 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет12 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион12 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет12 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија23 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија23 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија24 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...