Политика
Груевски бара 20 пратеници од дијаспората
Дијаспората е премалку застапена во македонскиот парламент, смета премиерот Никола Груевски, па предлага да се смени моделот и место три пратеници како сега, да има 20 пратеници од дијаспората.
Дијаспората е премалку застапена во македонскиот парламент, смета премиерот Никола Груевски, па предлага да се смени моделот и место три пратеници како сега, да има 20 пратеници од дијаспората.
При денешната посета на пелагонскиот регион, Груевски рече дека на преговорите кои се водат во рамки на процесот за надминување на политичката криза, за изборите и изборната регулатива, дале предлог да се зголеми бројот на пратеници од дијаспората.„Ние би сакале да имаме максимално транспарентни, чесни и правични избори. Тоа е нашата заложба и во тој правец ќе ја поддржиме секоја идеја која што е во таа насока. Покрај тоа, сакаме да се задржи можноста дијаспората да има свои претставници во Парламентот на Република Македонија. Мислам дека е прениско застапена и ние во работните групи дадовме една идеја, ако и другите политички партии прифатат, да го смениме моделот и наместо три пратеници на дијаспората, да има 20 пратеници на дијаспората, односно наместо досегашните три изборни единици по еден пратеник, да има една изборна единица, а во неа да има 20 пратеници. Според гласовите што партиите ќе ги добијат, така да се распределат тие гласови на пратениците кои ќе бидат на таа специјална изборна единица“, рече Груевски.Тој додаде дека го поддржале предлогот на СДСМ за претходна регистрација на гласачите.„Едно од основните обвинувања што СДСМ ги имаше кон ВМРО-ДПМНЕ беше дека има некакви гласови кои биле фантомски и преовладуваа изјавите од нив дека заради тоа загубиле на изборите. Ние без размислување во прва секунда го прифативме нивниот предлог за претходна регистрација и додадовме да биде и со електронски отпечаток од прст. Не само што го прифативме, сега и инсистираме бидејќи не сакаме на следните избори кога ќе победиме повторно опозицијата да бара алиби, дека нешто се случило, им се украле гласовите или слично“, рече Груевски, а тоа да важи за сите наредни избори, без разлика дали се парламентрани, претседателски или локални.За менување на моделот на гласање, Греувски смета дека постоечкиот модел е добар и не покажал аномалии. „Ако сакаме да прејдеме на модел каде ќе се гласа повеќе за личноста, а не толку за партијата, тогаш да не правиме хибридни варијанти, туку да си прејдеме на мнозинскиот систем каде што граѓаните ќе знаат, не само за која партија гласаат, односно од која партија доаѓа личноста, туку и која е таа. Тука можеме да додадеме и дека секоја партија што ќе победи да има плус 17 бонус пратеници заради стабилност на секоја идна влада“, ги објасни Груевски нивните предлози до работната група.Преговорите на овие теми во работните групи во кои имаат претставници сите четири најголеми партии од власта и опозицијата продолжија во понеделник, во Клубот на пратеници./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мојсоска: Усеини уништува антифашистичко наследство додека СДС и ДПМНЕ молчат
Од локацијата кај познатата Бела куќа на ул. ,,Димитар Влахов” бр. 9 во Охрид, од каде бескруполозно беше тргната плочата од НОБ, Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска истакна:
,,Овој културен објект беше уништен од страна на локалниот шериф, Нефи Усеини. Плочата на АСНОМ каде пишува за осудените антифашисти од страна на бугарскиот окупатор, беше тргната пред месец дена. Од градоначалникот Пецаков нема никаква реакција додека се уништува антифашистичкото наследство од страна на поранешниот функционер на ДУИ”.
Мојсоска се наврати кон 2019 година кога беа силни обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ кон Усеини. Според Мојсоска, наспроти тоа, се испоставува дека коалицијата ДПМНЕ – ДУИ сега е уште посилна, благодарение на заедничките бизнис – интереси.
,,Ќе потсетам дека во 2019 година, токму ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека Усеини го тероризира Охрид. За жал, Охрид го губи својот автентичен изглед, иако за овој објект има Решение за уривање. Институциите молчат, молчи и Министерството за култура кое е раководено од социјал-демократите”, додава Мојсоска за криминалот на поединците и молкот на институциите.
Јована Мојсоска како Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, порачува:
,,Затоа на 8 мај, да заокружиме број 5, за да ставиме ред во безредието и закон во беззаконието!”
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција
ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција, велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
– Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи. Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат. ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират. Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот. Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја, – додаваат од партијата.
Македонија
СДСМ: Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава
Гласот ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава, за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија, велат од СДСМ преку соопштение.
– СДСМ ја врати слободата, ја врати државата на вистинскиот пат. Директна потврда дека со СДСМ се почитуваат демократските и европските вредности е последниот извештај на „Репортери без граници“, според кој Македонија е на 36-тото место и најдобро позиционирана во регионот, по слободата на медиумите. Во 2016 година бевме на дното, рангирани на 118-то место. Тогаш слободно кажаниот збор се казнуваше, медиумите беа цензурирани, граѓаните беа манипулирани. Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата. Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променета, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани. Затоа е важно граѓаните да излезат на 8 ми мај масовно и да гласаат, заедно со СДСМ да не дозволат враќање назад, – додаваат од партијата.