Политика
ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ со честика за Меѓународниот ден на трудот
Владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ и опизициската СДСМ испратија честитки до граѓаните по повод, 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека изминативе години посветено работеле на заштитата на работничките права во државава, додека за СДСМ работникот девет години се гази и се повредуваат неговите работнички права.
„Политиките на ВМРО-ДПМНЕ значеа намалување на висината на придонесите за здравствено и пензиско осигурување, како и намалување на персоналниот данок, со што се намали и невработеноста во Македонија од рекордни 39% на 27,6%. Се даде законска можност за трансформирање на работниот однос од определено на неопределено време, по истекот на две години од договорот за вработување на определено време, со што се овозможи поголема социјална сигурност. За првпат се донесе Закон за минимална плата, а истата во наредниот период континуирани ќе се зголемува. Се зголемија платите и се воведе задолжителна исплата на регрес за годишен одмор, познат како К-15.Свесни за предизвиците на ова поле ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи, со директно вклучување на синдикатите како партнери, во подобрување на заштитата на работничките права, подобрување на социјалниот статус на работникот во Македонија и обезбедување на негов подобар стандард. Ова е основна гаранција дека заедно ќе изградиме подобра Македонија во која трудот и работникот ќе бидат вреднувани достојно“, се вели во четитиката на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз во честитката пишува дека во Македонија денес е доведено во прашање елементарното право на работниците за штрајк.
„1 Мај некогаш беше празник на стекнатите работнички права и ден кога работниците го креваа гласот за унапредување на своите права. Изминатите 9 години, суровата и клиентелистичка власт на Груевски и неговата фамилија ги врати граѓаните и државата во феудализмот. Длабоко ги погазија и повредија сите, со Устав и со закон загарантираните работнички права, по сите основи. За прв пат од независна Македонија, е доведено во прашање елементарното право на работниците, на штрајк. Задушена е слободата на говор и недемократски и нецивилизирано се прави `се, да се спречи слободната мисла. Денес е доведено во прашање едно од основните права – да се работи и да се биде работник. Граѓаните или не работат, или работат под невидени притисоци за бркање од работа ако не одработуваат за Груевски и неговата група, или се избркани од работа ако се спротивставуваат на штетните и криминалните политики. СДСМ е цврсто одлучна да ги врати и унапреди сите работничките права и преку програмата за враќање на средната класа да овозможи достоинствен живот за сите граѓани во државата. Вистината за Македонија ќе ја врати државата во рацете на граѓаните“, се вели во честитката на СДСМ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мојсоска: Усеини уништува антифашистичко наследство додека СДС и ДПМНЕ молчат
Од локацијата кај познатата Бела куќа на ул. ,,Димитар Влахов” бр. 9 во Охрид, од каде бескруполозно беше тргната плочата од НОБ, Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска истакна:
,,Овој културен објект беше уништен од страна на локалниот шериф, Нефи Усеини. Плочата на АСНОМ каде пишува за осудените антифашисти од страна на бугарскиот окупатор, беше тргната пред месец дена. Од градоначалникот Пецаков нема никаква реакција додека се уништува антифашистичкото наследство од страна на поранешниот функционер на ДУИ”.
Мојсоска се наврати кон 2019 година кога беа силни обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ кон Усеини. Според Мојсоска, наспроти тоа, се испоставува дека коалицијата ДПМНЕ – ДУИ сега е уште посилна, благодарение на заедничките бизнис – интереси.
,,Ќе потсетам дека во 2019 година, токму ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека Усеини го тероризира Охрид. За жал, Охрид го губи својот автентичен изглед, иако за овој објект има Решение за уривање. Институциите молчат, молчи и Министерството за култура кое е раководено од социјал-демократите”, додава Мојсоска за криминалот на поединците и молкот на институциите.
Јована Мојсоска како Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, порачува:
,,Затоа на 8 мај, да заокружиме број 5, за да ставиме ред во безредието и закон во беззаконието!”
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција
ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција, велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
– Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи. Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат. ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират. Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот. Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја, – додаваат од партијата.
Македонија
СДСМ: Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава
Гласот ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава, за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија, велат од СДСМ преку соопштение.
– СДСМ ја врати слободата, ја врати државата на вистинскиот пат. Директна потврда дека со СДСМ се почитуваат демократските и европските вредности е последниот извештај на „Репортери без граници“, според кој Македонија е на 36-тото место и најдобро позиционирана во регионот, по слободата на медиумите. Во 2016 година бевме на дното, рангирани на 118-то место. Тогаш слободно кажаниот збор се казнуваше, медиумите беа цензурирани, граѓаните беа манипулирани. Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата. Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променета, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани. Затоа е важно граѓаните да излезат на 8 ми мај масовно и да гласаат, заедно со СДСМ да не дозволат враќање назад, – додаваат од партијата.