Контакт

Политика

Заев пред Хајндл: Мора да има регуларни избори и правдата да важи за сите

Објавено пред

Постои заедничка согласност дека во Македонија мора да има само регуларни и фер избори, дека правдата мора да важи подеднакво за сите, дека не смее да се опструира работата на Специјалното јавно обвинителство, или сублимирано, дека од условите во Договорот од Пржино бегање нема, мора да се спроведатм изјави во четвртокот претседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев, кој придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска се сретна со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл.

dobivaj vesti na viber

„Тема на средбата беше актуелната политичка криза во земјава што ја продлабочуваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по одложувањето на изборите на 5-ти јуни, со едностраните одлуки со коишто го покриваат сопствениот страв од правдата и од регуларни избори“, информираа од најголемата опозициска партија.

„Ставот на СДСМ е целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на нотираните клучни предуслови, од страна на Влада којашто ќе има легитимитет да организира и спроведе избори. Ова се решенијата за кризата. Слободата и правната држава за СДСМ и граѓаните во Македонија се вредности за коишто отстапки нема“, рекол Заев.

Заев и Шекеринска на ги налгасиле заложбите на СДСМ во целиот овој процес базирани ина почитување на Уставот и законите, „коишто се грубо погазувани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, што спроед нив уште еднаш се покажало со „партиските одлуки“ на Уставниот суд и на мнозинството во парламентот./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Општина Карпош: Не користите ги услугите на лунапаркот, кој е монтиран без безбедносните сертификати, а нема ни одобрение за работа

Општина Карпош објави дека за разлика од другите надлежни институции, иако има минимални надлежности, води постапка против дивопоставениот лунапарк кај...

Македонија6 часа

Ахмети: Неприфатливо е коалицијата што освоила помал број мандати да стане дел од владата

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во име на „Европскиот фронт“ ги обвини албанските политички субјекти, кои...

Македонија6 часа

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и...

Македонија7 часа

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно,...

Топ8 часа

Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата. Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во...

Македонија8 часа

Шокаровски: Смртноста на кардиохирургија се намалува, разрешувањата се незаконски, а 170-те пациенти не се фантоми, туку по грешка не се заведени во „Мој термин“

Смртноста на Клиниката за кардиохирургија не е зголемена, туку има тренд на намалување, нема пациенти фантоми, кои не се заведени...

Топ10 часа

Битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, чинот го снимал и го пренесувал во живо

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на...

Македонија11 часа

Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе дејствува како пратеник

Градоначалникот на општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени со...

Свет11 часа

Северна Кореја ѝ испрати балони полни со измет на Јужна Кореја, стаса и предупредување: „Останете во затворено“

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја, јавуваат светските медиуми. Северна Кореја пуштила 90 балони...

Свет11 часа

Стејт департментот: САД жалат за трагичната загуба во Рафа, но Израел има право да го нападне Хамас

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави „длабоко жали за трагичната загуба”, што е резултат на израелскиот напад врз кампот...

Свет11 часа

Макрон: Франција е подготвена да ја признае Палестина во корисен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави за време на посетата на Германија дека признанието на палестинската држава не е „табу тема“,...

Свет12 часа

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба: НАТО подготвува нуклеарен напад, разработува сценарија

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба, ФСБ ги обвини земјите на НАТО дека се подготвувале да извршат нуклеарни напади...

Македонија23 часа

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја...

Македонија1 ден

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна...

Македонија1 ден

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само...

Македонија1 ден

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата....

Македонија1 ден

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Африм Гаши има поддршка од ЗНАМ за претседател на Собранието. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна...

Македонија1 ден

Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски коментира дека се однесува како џанак

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж

Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна...