Контакт

Македонија

Претпладне слаб локален дожд

Објавено пред

Времето во понеделник ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд, на повисоките планини слаб снег. 

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата во Скопје ќе се движи од 4 до 12 степени Целзиусови.

 

Во вторник ќе има преодно  стабилизирање на времето, а од среда под влијание на серија влажни и релативно топли воздушни бранови ќе има нови врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер.  /крај/ухмр



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Преку проектот „ЕУ – Поддршка за владеењето на правото“, Јавното обвинителство ќе добие нов електронски систем за управување со предметите

Објавено пред

Претставниците на проектот „ЕУ – Поддршка за владеењето на правото“ го информираа јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, за планираните активности што треба да се реализираат во рамките на овој проект во следниот период.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на активностите на овој проект поврзани со информатичката технологија фокусот на поддршката ќе биде насочен во изготвувањето на техничката спецификација за воспоставување нов електронски систем за управување со предметите во Јавното обвинителство. Средствата за овој голем и сложен проект, во кој, покрај Јавното обвинителство, се опфатени и неколку други институции, се обезбедени преку ИПА 3-програмата на Европската Унија. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе формира посебна работна група за дигитализација, која ќе работи на утврдување на функционалните каратеристики во новиот систем, кои се неопходни за функционирањето на Јавното обвинителство. Во поддршка на процесот на изградба на новиот електронски систем ќе се вклучи и Здружението на јавните обвинители, чиј претседател Елвин Вели беше исто така на денешната средба.

Од аспект на дигитализацијата, домашни и меѓународни ИТ-експерти од овој проект работат на надградба и на постојниот Лурис-систем за меѓународна правна помош. По завршување на надградбата, земјата ќе биде прва во регионот што ќе овозможи директно електронско поврзување на Лурис-системите во Јавното обвинителство и Министерството за правда.

Од другите активности, проектот „ЕУ – Поддршка за владеењето на правото“ работи на подобрување на законските и подзаконските акти за оценување, контрола и дисциплинска одговорност на јавните обвинители, помага во обука на истражителите во истражните центри, придонесува во подготовката на новата стратегија за комуникации и транспарентност на Јавното обвинителство, а врши анализа и на човечките ресурси со кои располага Обвинителството.

Обвинителот Коцевски ѝ се заблагодари на Европската Унија за помошта во сите области што ги опфаќа овој проект и најави поддршка на проектните активности, кои треба да овозможат Јавното обвинителство да ги достигне европските стандарди во работата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Објавено пред

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1, 2 и 5 им биле украдени повеќе од 600 гласа, кои, како што обвинија лидерите на партиите во коалицијата, им биле префрлени на коалициите „Вреди“ и „Европскиот фронт“.

dobivaj vesti na viber

Коалицијата „Храбро за Македонија“ најави кривична пријава против претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, тужба во Управниот суд, а не ја исклучи можноста и за кривична против ДИК.

„Ова е голем срам за ДИК. Само од три места ни се скратени повеќе од 600 гласа и им се префрлени на други политички партии. Ова кажува колку голема беше кражбата на овие избори, но и дека овој начин на крадење гласови од помалите партии, кои немаат набљудувачи на гласачките места, е правен и во претходните изборни циклуси и се додавани пратеници на други партии. За оваа нечесна работа, ќе поднесеме тужба во Управниот суд и кривична пријава против претседателот на ДИК, Даштевски, кој дозволил на ваков начин да се крадат гласови од одредени партии и во исто време да се префрлуваат на други за да добијат повеќе пратеници“, рече претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, од чие водство беше формирана коалицијата „Храбро за Македонија“.

Имаат забелешки дека во записниците било заведено оти имаат повеќе гласови, а во финалните резултати од ДИК бројките биле намалени.

„Станува збор за упад во изборните резултати, а делата против избори се кривични, не застаруваат. Група адвокати работи на процена на серија кривични дела. Кривичната пријава ќе биде против претседателот на ДИК, но не е исклучено да биде и против целата ДИК. Станува збор за упад во софтверот“, обвини лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски.

Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, рече дека на коалицијата „Храбро за Македонија“ во Изборната единица пет ѝ се украдени 4.000-5.000 гласа.

„Нека ги остават еднаш Ромите сами да одлучат за кого ќе гласаат. Имаше невиден поткуп, имам и видеодокази за повици на граѓани да земаат пари. Замислете, чисто етнички македонски град купен по 200 евра од човек. Имам докази, но ќе им го оставиме тоа на адвокатите“, рече Ибраимовски.

Коалицијата „Храбро за Македонија“ не поднела приговори за изборните резултати оти сметаат дека кражабата ја направила Државната изборна комисија.

„Каде да поднесеме приговори кога ова е направено во самата ДИК? Приговори се поднесуваат за тоа што се случувало на гласачкото место. Од каде ќе претпоставите дека ќе ве украдат од ДИК? Некој за ова мора да заврши во затвор“, рече Јакимовски.

Од коалицијата јавно го повикаа Обвинителството да се вклучи и да направи истрага за украдените гласови.

Државната изборна комисија денес соопшти дека прифатиле седум приговори за седум избирачки места. Почна да тече рокот од 24 часа за тужби на Управен суд. Судот, пак, е обврзан да донесе одлука во рок од 48 часа по поднесување на тужбите. По одлуките на Управен суд, ДИК ќе направи симулација за да утврди дали бројот на гласови во избирачките места за кои се прифатени приговорите ќе влијае на резултатот од што зависи дали ќе има прегласување или ќе се објават конечните резултати од изборите.

Коалицијата „Храбро за Македонија“ , според податоците од ДИК, на парламентарните избори освои 4.522 гласа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателката Силјановска-Давкова со евроамбасадорот Гир: Нашата иднина несомнено е во Европската Унија

Објавено пред

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателката Силјановска-Давкова се заблагодари за упатените честитки од челниците на Европската Унија по повод нејзиното стапување на функцијата и изрази подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата истакнувајќи ја значајноста на делегацијата како своевиден координатор на активностите на ЕУ во земјата.

Претседателката Силјановска-Давкова посочи на потребата за напредок во процесот кон членство во Европската Унија како стратешка цел на државата и определба на мнозинството од македонските граѓани.

Нашата иднина, според претседателката Силјановска-Давкова, несомнено е во Европската Унија, а местото на нашата држава е на иста маса со европските земји, со кои нѐ обединуваат историски, културни и морални традиции и вредности.

Претседателката посочи на нејзината подготвеност да придонесе во градењето единство за прашања од национален и државен интерес и да придонесе кон обезбедувањето политички и општествен консензус во однос на реформската агенда и усвојувањето закони за кои е предвидено европско знаменце, со цел да се избегне неговата злоупотреба, што беше нотирано и од самата ЕУ во изминатиот период.

Претседателката Силјановска-Давкова истакна дека и покрај високото ниво на подготвеност на македонската администрација и насобраното искуство, напредокот во исполнувањето на критериумите трпи поради политички околности и потези за кои се одговорни и одредени земји членки на ЕУ.

Во тој контекст таа посочи на потребата од враќање на вербата во мериторен процес на интеграција, со фокус на исполнување на Копенхашките критериуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска  во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со...

Топ5 часа

Двојно убиство во скопско Стајковци

Во скопско Стајковци, попладнево се убиени две лица. Повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел....

Македонија6 часа

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1,...

Македонија7 часа

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија7 часа

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...

Македонија9 часа

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ10 часа

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ10 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија12 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Македонија13 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет13 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет14 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија1 ден

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија1 ден

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ1 ден

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија1 ден

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија1 ден

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 ден

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија2 дена

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...