Контакт

Региони

Наскоро ин витро на товар на ФЗОМ за трето и четврто дете

Објавено пред

Сите кои имаат потреба од ин витро оплодување за трето или четврто дете, на товар на Фондот за здравствено оигурување, наскоро ќе може да го искористат ова право, откако измените на законот ќе поминат о Собрани, најави директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски, при посетата на подрачната служба на Фондот во Штип.

dobivaj vesti na viber

Директорот Стефаноски информираше дека на седница на Влада се донесоа законските измени, кои  премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ги најави, за остварување на право на биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО), односно ин витро за трето и четврто дете. Со предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување по скратена постапка, се утврдува и ослободување од плаќање на учество (партиципација) за користење на здравствените услуги во постапките на ин витро (БПО) за добивање на прво, второ, трето и четврто дете најмногу до трет неуспешен обид за оплодување. Партиципацијата досега чинеше 6.000 денари и со измените, постапката ќе биде на товар на ФЗОМ. Законскоите измени се веќе доставени до Собранието на Република Македонија и како што потенцираше директорот Стефаноски, се надеваме дека во најбрз рок, граѓаните кои имаат потреба од ова право, ќе можат наскоро да го користат. Во рамките на денешната работна средба, се реализираше посета и на приватната здравствена установа „Д-р Органџиски“, со која Фондот за здравствено осигурување има договор за здравствени услуги за ин витро и се разговараше за модалитетите на соработка и квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат осигурениците. Инаку проектот отворени денови и директно со осигурениците им овозможува во континуитет на граѓаните да продолжат да добиваат прецизни информации за поедноставената процедурата за пререгистрација на невработените лица, за остварување на правото на БПО, за ортопедските помагала, рефундирање на здравствените услуги и лекови, како и за тоа дали се наплаќаат лекарските потврди за во градинка, училиште од стручните лица на подрачните служби на Фондот истакна директорот Рамадани.

Сите осигуреници може да побараат било какви дополнителни информации на веб страницата на Фондот (www.fzo.org.mk) или на социјалните мрежи фејсбук и твиртер. Може директно да се обратат во подрачните служби, или да се јават на бесплатниот телефноски број 0800 33 222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 часот или по маил на [email protected]./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари

Објавено пред

Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).

dobivaj vesti na viber

-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.

Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:

– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);

– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);

– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);

– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);

– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);

– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);

– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);

– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);

– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);

– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);

– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);

– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);

– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.

dobivaj vesti na viber

– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.

Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:

– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;

– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;

– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;

– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;

– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;

– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во

– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија14 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија14 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија15 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија17 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија18 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија19 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет20 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет20 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија20 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет20 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет20 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет21 час

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија1 ден

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија1 ден

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија1 ден

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет1 ден

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија2 дена

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија2 дена

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија2 дена

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...