Македонија
Се испитува дали полицијата употребила прекумерна сила на вчерашните протести

Секторот за внатрешна контрола при МВР и СВР Скопје уште од синоќа имаат задача да испитаат дали е употребена прекумерна полициска сила на протестите во среда што се организираа против одликата на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболицира сите политичари, каде беа повредени еден новинар и еден фоторепортер.
„Апелирам новинарите да бидат видно обележани во вакви ситуации. За секоја прекумерна употреба на сила, доколку се утврди, секој ќе сноси одговорност’, рече министерот за натрешни работи, Оливер Спасовски.Тој попладнево беше во посета на СВР Скопје каде одржа раборен состанок со началникот, за синоќешните протести.Спасовски е категоричен дека нема пропусти во раководењето на постапувањето на полицијата и апелираше до граѓаните мирно да протестираат.„Секој има право мирно и достоинствено да го изрази својот револт, но мора тоа да биде на ненасилен и на мирен начин. Апелирам да нема насилство и уништување на државен и приватен имот, да нема напади врз полицијата и граѓаните да ја третираат полицијата како чувар на безбедноста. Мора да се постапува според стандардната процедура и да нема употреба на прекумерна сила“, рече Спасовски.Според информациите на Спасовски, 13-те приведени сѐ уште се во полициска станица и се работи според насоките кои полицијата ги добива од јавното обвинителство.На новинарско прашање, зошто додека се демолираше Народната канцеларија на претседателот Иванов немало кордон полиција, Спасовски рече дека полицијата цело време ги обезбедувала протестите, но според него, би требало да се има предвид дека групата се селеше од едно на друго место.По поништувањето на решенијата што ги донел Спасовски, од страна на премиерот Емил Димитриев, Спасовски вели дека министерството функционира нормалнио, но дека треба да запре оваа пракса бидејќи сето тоа влијае врз функциуонирањето на системот.Во врска со случувањата на границата со Грција, за каде има информации дека имало воена вежба на грчката полиција, Спасовски рече дека тие соработуваат со грчката полиција за да ја заштитат границата./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав XIV: Вашата служба да донесе обнова и зацврстување на верата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати писмо со честитки до новиот папа Лав XIV.
„Со голема радост и синовска љубов ја примив веста за Вашиот избор за Петров наследник и Пастир на Универзалната Црква. Од името на верниот Божји народ на Католичката Црква во Македонија, свештенството и монаштвото, како и од мое лично име, Ви го честитам изборот и воедно благодарам што ја прифативте оваа одговорна и света служба, свесни за сите предизвици со кои се соочува Христовата Црква.
Сигурен сум дека со мудроста што Ви е дарувана преку Вашето мисионерско искуство, пасторалната грижа и верноста кон Евангелието, водени од Светиот Дух ќе управувате со коработ Петров – Црквата, низ немирното море, за доброто на целиот Божји народ.
Од Македонија, портата од каде што Свети Павле го пренесе христијанството низ цела Европа, од просторите од каде што потекнуваат светите браќа Кирил и Методиј и од родниот град на света Мајка Тереза, Ви ја ветувам мојата лична молитва, како и молитвите на целиот Божји народ во Македонија, со желби Вашата служба да донесе обнова и зацврстување на верата, единство меѓу христијаните и мир во целиот свет“, напиша бискупот Стојанов.
Македонија
Од Осака до Венеција, Љутков е министер за култура или министер за туризам, прашува СДСМ

Додека над 3.000 културни работници беа во неизвеснот ја чекаа својата мартовска плата, министерот за култура Зоран Љутков не се задржа ниту еден ден во своето министерство. Од Осака па до Венеција, министерот постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место, велат од СДСМ.
Според оваа партија, во моментите кога вработените во културата протестираа пред Министерството, заборавени и игнорирани, Љутков позира на други континенти додека дома културата доживува финансиски колапс.
Ова, како што велат, не е културна политика.
„Ова е културна деградација. Ова е ароганција и расипништво со партите на граѓаните. Културата не е декор за туристичко позирање. Таа е жив систем кој бара посветеност, почит и вистинска грижа.
Додека Љутков патува, народот плаќа. Прашањето е: колку чинат екскурзиите на Љутков.
Зарем вредат патувањата во странство повеќе од тоа да се работи дома за да се решат проблемите во културата“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје известува дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз кон н.Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација-Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.