Македонија
Се степале две групи мигранти, запален воз во Идомени
Две поголеми групи на мигранти утрово се степале на железничката станица во Идомени, а во тепачката е запален и вагон од композицијата кој грчката железница им го дала на бегалците да го користат како место за преноќевање.
Руската телевизија „Russia today“ објави видео на кое се гледа како гори вагон од возот.Голема група бегалци го каменувала возот во кој преспиваат и живеат цели фамилии. Засега нема официјални информации за тоа колкумина се повредени. По интервенцијата на грчката полиција, ситуацијата е ставена под контрола.По инцидентите во неделата кога мигрантите се судрија со македонската полиција дел од медиумите јавуваат дека има дојава за нов можен протест во кампот кај Идомени./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопскиот булевар „Кочо Рацин“ во мрак, луѓето со блиц од мобилен минуваат на пешачки (ВИДЕО)
Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж булеварот не работат, а улиците околу булеварот исто така не се осветлени – единственото светло на него доаѓа од становите на соседните згради.
Мракот ја загрозува безбедноста на пешаците и велосипедистите кои ги преминуваат пешачките премини и кој светат со блиц од мобилните за да поминат.
Граѓанската иницијатива „Шанса за центар“ ги повикуваат Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска да го вратат осветлувањето на булеварот, но досега нема никаква реакција од нив.
Оттаму, „Шанса за центар“ синоќа постави трепкачи за велосипед кај пешачките премини на „Кочо Рацин“, за да привремено „малку од малку“ ја подобрат состојбата на улицата.
Македонија
Обвинителството истражува дали има кривична одговорност за затворените хируршки сали и смрдеата во „Клинички“
Министерството за здравство прати известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело, соопштуваат од ОЈО Скопје.
Од ОЈО посочуваат дека Обвинителството постапува и гони само доколку има кривично дело.
Како што вчера објавивме, само во три сали во комплексот клиники „Мајка Тереза„ во моментов се извршуваат исклучително итни операции. Останатите сали веќе 7-ми ден се затворени, поради ширеење на непријатна миризба.
За состојбите на клинички центар вчера на прес-конференција реагираше портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој рече дека цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид, како и дека во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик.
Македонија
Детали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)
Четирите лица, меѓу кои и седумгодишно дете се лоцирани и најдени, соопштија утрово од ЦУК. Ноќната спасувачка акција не била лесна бидејќи се работело за исклучително стрмен и опасен за движење, па тие биле извлечени со чамец.
„Тие по исклучително стрмниот терен успеале да се спуштат на десниот брег на реката Пчиња на непристапно место над – пред манастирот ‘Мала Богородица’, во клисурата на реката Пчиња, под автопатот Скопје – Велес, од каде што по земјен пат не можеле да се извлечат во текот на ноќта. Тим спасители со пловење со чамец по Пчиња, од Катланово, па сѐ до локацијата на изгубените во клисурата на реката под самиот автопат, со голем напор и несебично залагање безбедно ги пронајдоа и ги извлекоа од десниот речен брег на левиот, а потоа безбедно ги качија на автопатот“, информираат од ЦУК.
По добиената информација преку 112 во ЦУК, Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и Општина (ЕЛС) Велес, по што од Велес дојде од општината и Тим спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“ со специјален спасувачки чамец.
„Тимот спасители на вода од Велес, а со поддршка и на тим од припадници на САЕ ‘Тигар’, тргнаа од Катланово пловејќи по Пчиња во обид да се пробијат до местото каде што се наоѓаат лицата за да ги префрлат од другата страна на реката, околу 300 до 500 метри над манастирот ‘Мала Богородица’ којшто се наоѓа во клисурата на Пчиња под самиот автопат. Во реката, спасителите наидоа на многу препреки коишто мораа да ги преминат буквално пренесувајќи го на раце чамецот, на некои места, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеа, по што продолжија. Студенилото, мракот и влажноста дополнително отежнуваа, но и залутаните лица, исто така, беа изложени на студенилото на ноќта бидејќи имале само лесна дневна облека, маички на кратки ракави. Таквите услови ја диктираа континуираната динамика што спасителите ја реализираа со голем напор, но и со голема волја да се помогне оптимално брзо, а безбедно за сите“, соопштија од ЦУК.
На местото на настанот, долу во длабоката и опасно стрмна клисура, се спуштил и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со таткото, еден од родителите на дел од лицата.
Во заедничка комуникација преку реката, со залутаните лица, тие биле успокоени и дека е прашање само на време кога ќе бидат извлечени. За тоа време, како што информираат од ЦУК, имало обиди да им се фрлат шишиња со вода за да не дихидрираат бидејќи нивната вода завршила.
Во време нешто по 02.00 по полноќ, лицата се безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје.
Директорот на ЦУК, Ангелов изразува голема благодарност на сите ангажирани во спасителната акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата што беше многу специфична, но успешно се реализираше од страна на сите присутни на терен, а и дежурни во Системот за управување со кризи.