Македонија
Спасовски: Проблемот со бегалската криза мора да се решава од изворот
Проблемот со бегалската криза мора да се решава од изворот на проблемот, и да се создадат услови во државите од каде што потекнуваат бегалците, за да можат таму да остануваат. Секое друго решение коешто се бара на оваа рута не е решение, изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по средбата со неговиот колега од Чешка, Милан Хованец со кого во петок го посетија Прифатниот центар за мигранти „Винојуг“ во Гевгелија.
„Ние ќе можеме да примиме толку бегалци колку што ќе можат да примат земјите од западнобалканската рута, Србија , Хрватска и понатаму и во тој дел ќе се придржуваме на сите заклучоци коишто беа донесени на претходните состаноци, меѓутоа апелираме и сите држави подеднакво да се придржуваат кон овие заклучоци“, изјави Спасовски. Тој потенцираше дека Македонија е должна да обезбеди хуман третман на луѓето коишто бараат заштита во Република Македонија и транзит, но и стабилност и безбедност на граѓаните на Република Македонија. Министерот Хованаец му се заблагодари на министерот Спасовски за се што Македонија прави во справувањето со мигрантската криза и понуди дополнителна помош од Република Чешка и земјите од Вишеградската група за полесно справување со овој проблем.„Чест ни е што нашите полицајци можат да помогнат заедно со вашите полицајци во решавањето на овој проблем. Разбираме дека притисокот од мигрантите ќе продолжи и ќе се засилува и разбираме дека овој притисок ќе биде голем врз Република Македонија. Сакам да потенцирам дека сме свесни за ова и сме подготвени да го преземеме својот дел од одговорноста“, рече Хованец. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата. Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2), се вели во соопштението.
Македонија
Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца
Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.
Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.
Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.
Увидот во несреќата е во тек.
Македонија
Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година
Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден.
„На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година“, објави Спасовски на социјалните мрежи.