Контакт

Македонија

УНХЦР: Жените бегалци се жртви на сексуално и родово насилство

Објавено пред

Умо (измислено име на жена бегалка, заради заштита нејзиниот идентитет), млада жена од Супсахарска Африка, бега од прогон поради кој незиниот зет е мртов, а нејзината сестра исчезната. Плашејќи се за животот, таа започнала опасно и тешко патување кон Европа, каде што се надева дека ќе најде азил и безбедност. 

dobivaj vesti na viber

За време на патувањето до Грција, Умо била принудена двапати да се вклучи во трансакциски секс за да си обезбеди качување на брод и лажен пасош. По пристигнувањето на грчки остров, спиела на отворено без покрив над глава, приватност или пристап до помош. „Се плашам дека ќе полудам“, признава таа.Со примерот за оваа жена хуманитарните организации предупредуваат дека жените бегалки се жртви на сексуално и родово насилство. Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Комисијата за жени-бегалци (ВРЦ) се загрижени за тешките ризици на жените и девојките-бегалци и мигранти во движење низ Европа, како што се Умо и другите жени.Тешките зимски услови значат дека помалку луѓето ќе ризикуваат да патуваат по море за да стигнат до Европа овој месец отколку претходните месеци. Сепак, секој ден, сè уште пристигнуваат просечно по 2.000 луѓе. И бидејќи владите спроведуваат ограничувања и ги зајакнуваат граничните контроли, приемно-транзитните објекти може да се преполнат, и напнатоста во нив да порасне, зголемувајќи го ризикот за жените и девојките. Исто така, бегалците и мигрантите, од очај, може да се решат на поопасни патишта во рацете на шверцери, предупредуваат од УНХЦР.Заклучно со 15 јануари 2016 година, нешто повеќе од 55 отсто од оние кои пристигнуваат се жени и деца, во споредба со само 27 отсто од јуни 2015 година. Со хуманитарниот одговор долж рутите во источниот Медитеран и низ Западен Балкан, приоритет се става врз внесување на сексуалното и родовото насилство и негова превенција во сите хуманитарни активности. Меѓутоа, капацитетот за превенција, идентификација и соодветен одговор во голема мера зависи од одделните држави и од агенциите на Европската унија за преземање одговорност и соодветни мерки.УНХЦР, УНФПА и ВРЦ спроведоа заедничка теренска проценка на ризиците за жените и девојките-бегалци и мигранти во Грција и во поранешната југословенска Република Македонија, во ноември 2015 година. Како што се наведува во подоцнежниот извештај од терен: „Жените без машка придружба кои патуваат сами или со деца, бремените жени и доилките, адолесцентните девојки, децата без придружба, децата кои рано стапиле во брак – понекогаш и самите со новороденчиња – лицата со попреченост, како и постарите мажи и жени се меѓу оние кои се особено изложени на ризик и за нив е потребен координиран и ефективен одговор на заштита. „Овој заеднички потфат е прв меѓу неколкуте теренски мисии и активности за профилирање, кои агенциите за помош и застапување ги спроведуваат со цел точно да се проценат проблемите на терен и да се препорачаат клучни акции за нивно решавање. Многу жени и девојки-бегалци и мигранти веќе биле изложени на разни форми на сексуално и родово насилство во земјата на потекло, при првиот азил или долж патувањето до, и во Европа. Некои од жените интервјуирани во мисијата велат дека биле принудени да се вклучат во трансакциски секс за да „платат за“ патните документи или за патувањето. Некои жени и девојки толку многу не сакаат да го одложат своето и патувањето на семејството што одбиваат да пријават злосторства на сексуално и родово насилство или да побараат лекарска помош.„Здравјето и правата на жртвите на војна и прогон, особено на жените и адолесцентните девојки, не треба при хуманитарниот одговор да се третираат отпосле. УНФПА работи со партнерите на обезбедување жените-бегалци и мигранти да имаат пристап до услуги на сексуално и репродуктивно здравје, и на превенирање и одговор на родовото насилство,“  вели Бабатунде Осотимехин, извршен директор на УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации.„Многу жени и девојки кои патуваат сами се целосно изложени, лишени од заштитата на семејството или заедницата“, вели Винсент Кошетел, директор на Бирото на УНХЦР за Европа. „Па дури и оние кои патуваат со семејството често се ранливи на злоставување. Честопати, тие не ги пријавуваат злосторствата и затоа не ја добиваат потребната поддршка. Некои жени рекоа дека дури и се омажиле од очај.“„Поради тоа што приемните објекти во Европа не се подигнати за да се спречи или да се одговори на сексуалното и родовото насилство, жените и девојките не ја добиваат заштитата што им е потребна и што ја заслужуваат од овој хуманитарен одговор“, вели Сара Коста, извршен директор на Комисијата за жени-бегалци. „Треба да се заложиме за интервенции кои знаеме дека ќе помогнат, вклучувајќи и распоредување на експерти за сексуално и родово насилство долж рутата.“ Во заедничката мисија беше откриено дека сегашниот одговор од страна на владите, хуманитарните актери, институциите и агенциите на ЕУ, како и од граѓанските организации, е несоодветен и не успева да ги спречи и да одговори на опасноста, експлоатацијата и повеќето форми на сексуално и родово насилство со кои се соочуваат жените и девојките низ цела Европа. На пример, и покрај обидите на УНХЦР и партнерите да обезбедат добро осветлени и родово поделени приемни објекти и засолништа, многу од нив немаат приватни простори со безбедна вода, канализација и здравствени погодности, како и површини за спиење на жените и децата, изложувајќи ги на потенцијални или натамошни ризици од сексуално и родово насилство. Во заедничката проценка беше забележана потребата граѓанските организации и хуманитарните партнери да ги интегрираат превенцијата и одговорот на сексуалното и родовото насилство во сите сектори, како што се здравствено-санитарните погодности, засолништата, здравјето и сл., како и да обезбедат правна помош и психо-социјална поддршка. Во извештајот на владите и агенциите на ЕУ им се препорачува, воспоставување на систем за координиран одговор во и надвор од границите со кој се штитат жените и девојките, препознавање на ризиците во заштитата и внесување персонал и процедури заради конкретно спречување, откривање и одговор на сексуалното и родовото насилство, обезбедување одговор на сексуалното и родовото насилство со кој се прифаќа дека жените нема да застанат за да го пријават насилството или за да пристапат до услуги и обезбедување законски патишта до заштита, особено за жените, децата и жртвите на сексуално и родово насилство, вклучувајќи и ефективно семејно обединување и давање приоритет на овие бегалци со специфични потреби при можностите за релокација и преселување./крај/мф/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Објавено пред

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече претседателот на ВМРО-ДПММЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски укажа „ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила“.

Оттука, додаде Мицкоски, предупредувам на будност, на внимание.

„Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа.

„Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект“, изјави Мицкоски.

Тој заклучи дека волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево, реконструкција на пругата Кочани – Велес, катна гаража и старечки дом

Објавено пред

„Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани. За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани – Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом“, кажа Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

dobivaj vesti na viber

„Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија“, изјави Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

Прикажи повеќе...

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена улицата „Самоилова“ на потегот од улицата „Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосница со улицата „Прохор Пчински“.

dobivaj vesti na viber

Министерството за внатрешни работи, исто така, ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

На 04.05.2024 во периодот од 18.00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: 1. Бул.„Партизански одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”. 2. Бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, по што преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”.

Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници. Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвора ул.„Македонска војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија3 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Регион4 часа

(Видео) Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко...

Македонија5 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет5 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа6 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет6 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија17 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија22 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија22 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија23 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија1 ден

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија1 ден

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 ден

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија1 ден

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет1 ден

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет1 ден

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...