Контакт

Македонија

Заев: Груевски признава дека на Владата нешто ѝ фали

Објавено пред

Признание на премиерот Никола Груeвски дека на владата не ѝ оди со големи проекти, барање на Груевски да биде ослободен бизнисмен од Неготино кој бил фатен со цистерна со пет ипол тони црвена нафта и негово барање да биде сокриен документ од преписка меѓу директорот на Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба и сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, пратен до Министерството за внатрешни работи, се дел од наводните телефонски разговори што ги објави во средата лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред Владата во Кампот на слободата.

dobivaj vesti na viber

Разговорите коишто беа објавени беа за различни теми, но според Заев, во сите нив Груевски се става над Уставот и законите. Во првиот разговор што го објави опозицијата, наводно премиерот Никола Груевски го поучува сега поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да не ги „откачува“ веднаш големите фирми и проекти со тоа што ќе им каже дека нешто што планираат не може да се изведе законски.„Пошто некако како Влада не ни иде работава со крупниве фирми. Со ЕВН си ебавме мајката знаеш тоа, тука не си ти крив сеа зборам како Влада, со аеродромов за влакно, за влакно ја вадиме работава, со Сончев град да не зборам, висококатниците и не знам сеа уште кои беа не ми текнуваа… Не ни трга, еден голем проект не ни трга…  Ја почнав да се прашувам, у енергетика еден не ни трга голем проект… еден, еден! Една хидроцентрала не сме изградиле, не сме почнале, абер нема! Нешто има и до нас, не се криви другите! Мора нешто и на нас да ни фали, мене, тебе, Чинго, Зоки, нешто ни фали на нас. Треба да се преиспитаме што ни фали“, наводно му вели Груевски на Јанакиески.Во вториот сет разговори, според Заев, чешко-бугарско-македонска фирма добила тендер по одредена „линија“, но во разговорот меѓу Груевски и тогашниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, не се открива по која линија фирмата го добила тендерот.„На линијата толку ветил. Е сега која е линијата јас ниту знам, ниту ми е познато. Малку ми изгледа човекот…“ наводно му вели Чинговски на Груевски, на што тој му враќа „Па добро не ги зборам тие работи, знаеш, не е добро да се зборат“.Во еден од наводните разговори меѓу Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се зборува за писмо од директорот на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба, Дејан Мојсоски во коешто тој се жали на односот на сопругата на претседателот, Маја Иванова, која исто така работи во Агенцијата. Таа „се однесувала како директор на директорот“ и како што вели Заев, била „фактор“ кој менува директори. Во наводен разговор меѓу Груевски и Јанкулоска, премиерот бара писмото коешто го пратил директорот да не стигне до архивата на МВР.„Ти не знаеш како беше…едниот сака оваа да ја смени, она сака него да го смени. И не е свесна дека тоа на неа ќе ѝ направи голем скандал. Не, вика вака, јас не сум знаел дека ќе имам директор над директорот, ми вика. Ако е така, еве сменете ме мене, она нека дојде“, наводно ѝ раскажува Груевски на Јанкулоска.Во другиот сет на разговори, наводно Груевски бара од Јанкулоска да биде ослободен бизнисмен од Неготино, кој бил фатен со пет ипол тони нафта, бидејќи бил донатор за кампањите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Слушај, абе му вртам на директорот не ми беше достапен, на Мите не ми беше достапен, и на тебе. Абе го барав Горан Трајковски, ми препрати премиерот од кај него една порака, дека наводно таа некоја фирма што ја контролирале УЈП сеа сабајлево у Неготино, Тандем, дека наводно тој соработувал со нас па да не биде како реваншизам, и после Горан ми кажа дека всушност било на барање од кај нас, да се контролира фирмава во рамките на “керозин”… е сеа ја ги неам ти сите податоци, кој соработувал, шо соработувал…“, наводно му вели Јанкулоска на Горанче Савовски, поранешниот директор на централните полициски сили, кого Владата во вторникот на владина седница го именуваше за нов директор на Бирото за јавна безбедност.Во еден од разговорите, наводно Груевски му вели на Јанакиески да го урнат стариот објект на Драмски театар за да може полесно да се продаде земјиштето. „НГ: Ај да си срушиме тоа таму, да си продадеме… МЈ: Претседателе ако е чисто земјиште не е проблем ама мислам дека култура ќе има проблем да ги сруши објектите претходно зошто идејата беше да… НГ: Зошто мислиш дека ќе има проблеми? МЈ: Молам? НГ: Зошто мислиш дека ќе има проблеми? МЈ: Зошто можи некој понатаму да праша зошто ги рушат објектите а не… а може да се оттуѓат објектите од тој аспект… НГ: Миле политички ли ми збориш сеа? МЈ: Не ако… јас ви кажувам, ако е чисто земјиште, не е политички, ако е чисто земјиште тоа си оди по закон за градежно земјиште, не е проблем…бидејќи има објекти ја мислев дека е најдобро со јавно приватно партнерство…сите тие услови, идејни проекти, услови, да… НГ: Не те разбирам зошто Миле, зошто така мислиш? Пошто коа ќе помине тоа пак ќе треба да се руши…како тој, зградата ќе ја праи врз бараката ли?“, се вели во дел од наводниот разговор меѓу Груевски и Јанакиески.Заев уште еднаш порача дека преодна влада е излез од кризата и дека нема назад. „Груевски ќе излезе од Владата затоа што нема ниту што да каже. Груевски нешто ти фали, ти недостасува совест, прекини го овој срам“, порача Заев. /крај/мф/ффс

Извор: Макфакс

Македонија

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Објавено пред

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Венко Филипче вечерва се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш.

dobivaj vesti na viber

„Исправени сме пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ. Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај“, рече тој.

Според него, секоја партија силата ја црпи од единството.

„За жал, ни се повторува историјата од 2006 година и повторно се соочуваме со поделба. Секој кој вистински ја поддржува СДСМ, кој е социјалдемократ и верува во вредности на слобода, правда, еднаквост, не може и не смее да остане рамнодушен на оваа состојба. Сите добро знаат што значи слаб и поделен СДСМ за иднината на државата. Тоа значи власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ без контрола, насилна власт која ќе злоупотребува и гази сè пред себе. Ова не го кажувам за да заплашам никого. Ова го кажувам затоа што во ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска промена. А кога нема суштинска промена не може да се очекува различно владеење“, истакна Филипче.

Оценува дека во овој момент не е клучното прашање дали СДСМ ќе оди во опозиција. Клучното прашање е, како што вели, што е на другата страна, која е алтернативата, дали Македонија може да остане на стратешкиот колосек со нив?

„Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад како држава. Ниту една грешка не е толку голема да ги оставиме да нè понижуваат и потценуваат. Затоа, апелирам до секој од вас да смогнете сила, заедно да одработиме за достоинствен изборен резултат.
Драги сопартијци, драги симпатизери и поддржувачи, со вашиот глас против не ја казнувате СДСМ, туку ја наградувате ВМРО-ДПМНЕ. И доделувате неограничена моќ која тие најдобро знаат како да ја злоупотребат. Веќе започнаа со заплашувања и реваншизам и нема да престанат тоа да го прават.

Сега, повеќе од кога било ни е потребно единството. Ова е време кога мора да останеме заедно. Нашето единство е нашата моќ“, порача Филипче.

„Ја слушнав понудата која вчера партијата ЗНАМ ја даде јавно до СДСМ. Дозволете ми кратко, да ја кажам вистината за овој политички маневар на Максим Димитриевски. Понудата на ЗНАМ кон СДСМ не е реална понуда. Ваквата понуда е очекувано да биде одбиена од кое било раководство на партијата. Таа е направена со цел да биде одбиена. Нема чесни намери во делувањето на Максим Димитриевски кон СДСМ или членовите на партијата за кои наводно го болело срцето. Неговиот предлог, кој повеќе личи напишан во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, е само алиби да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, во која е ефективно уште од 2021 година. Оние кои му мислат добро на СДСМ секогаш остануваат и се борат од внатре да ги менуваат работите на подобро. Вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ“, кажа Филипче.

Порача граѓаните уште еднаш добро да размислат пред гласањето на 8 мај.

„Гласот е одговорност кон себе, но и кон сите други во општеството, гласот е алатка за избор на тоа каква иднина сакате.
Да се мобилизираме за изборите на 8 мај и да постигнеме добар резултат“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонската телевизија: Испративме порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат му ја организираат агендата

Објавено пред

Од Македонската телевизија ги отфрлаат информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ.

dobivaj vesti na viber

„Вечерва во 20:15 на Македонската телевизија наместо дуел меѓу двајцата претенденти за шеф на државата, ќе има интервју само со кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова. Нејзиниот опонент Стево Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите во дебатата на јавниот сервис.

Македонската телевизија, на 26 април 2024 година, упати покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседтелските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.

Јавниот сеервис како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 6 мај (понеделник).

Во зависност од предизборните активности на кандидатите за претседател, оставивме можност дебатата да се снима во текот на денот или да се реализира во живо во вечерен термин, а конечната одлука за датумот ќе се донесе во договор со кабинетите на двајцата кандидати за претседател.

Од тимот на Гордана Силјановска Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај-четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин“, појаснуваат во реакцијата.

„Од тимот на Пендаровски немаше одговор до вчера, 1 мај. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат му ја организираат агендата и дека не можат да успеат. Во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк.

После сето ова, Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ“, се додава во напишаното од страна на Македонската телевизија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, грантови за млади и зголемени плати во здравството

Објавено пред

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево.

dobivaj vesti na viber

„СДСМ е рамо до рамо со граѓаните, сите на 8 мај за број 1“, порача тој.

Со СДСМ, како што рече, е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра”, рече Спасовски, наведувајќи мерки за младите од Програмата за европска иднина.

“Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра”, истакна Спасовски, додавајќи дека платите во здравството ќе продолжат да раснат.

„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.

СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места” рече Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија7 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија7 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија8 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија10 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија11 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија12 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет13 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет13 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија13 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет14 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет14 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет14 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија1 ден

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија1 ден

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија1 ден

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет1 ден

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија1 ден

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија1 ден

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...