Македонија
Зголемена облачност и умерен северен ветер
На повеќе места ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен северен ветер, што ќе услови опаѓање на температурата.
Дневните температури ќе се движат од 6 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 12 степени. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Има активна забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Николовски: Растат цените и трошоците за живот, зошто минималната плата не мрда?
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на денешната собраниска седница упати прашање до заменик министерот за економија Марјан Ристески дали Владата планира Владата да го прифати предлог законот за зголемување на минималната плата, поднесен од СДСМ.
Во услови на растечка инфлација и трошоци за живот, сметаме дека фокусот треба да биде на зголемување на платите и растот на стандардот на граѓаните, што беше клучна политика во изминатиот период, истакна Николовски.
Николовски нагласи дека минималната плата не мрдна во изминатите 6 месеци, додека владата предводена од СДСМ ја покачи од 8 на 22.567 денари.
Заводот за статистика евидентираше раст на инфлацијата од 4,3%, синдикалната кошничка во декември е повисока за 840 денари, изнесува близу 63.000 денари, потребни се три минимални плати за нејзино покривање. Секаде во регионот се зголемува минималната плата само кај нас не мрда. Зошто не прифатите да се покачи минималната плата за работниците?, нагласи Николовски.
Македонија
Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати апел до Владата да го прифати предлогот на СДСМ, ДДВ за основните прехранбени производи, да се укине, односно да се намали од 5 на 0%.
Владините политики со кошнички за наводно пониски цени на основните прехранбени производи, дожевеаја дебакл. Тоа и вие го признавте, иако вината се обидовте да ја префлите на трговците сакајќи да побегнете од одговорноста затоа што вие им го овозможивте тоа, да профитираат на грбот на народот. Наместо пониски цени, граѓаните сега пред новогодишните празници се соочија со повиски цени, нагласи Николовски, во прашањето упатено до заменик министерот за економија Марјан Ристески.
Николовски нагласи дека минималната кошничка само за храна покажа зголемување за 390 денари.
Цените за храна не биле намалени. Политиките за кошничка не дадоа резултат. Апелираме да се приофати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за храната, нека биде на предлог на владата но да се донсесе во интесес на граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.