Спорт
Голем успех на македонски каратист на турнирот Парис Опен
Сребрениот медал освоен на најсилниот рангиран турнир во Светските лиги, турнирот Париз Опен е најголемиот успех што досега го достигнал македонски репрезентативец, и тоа во најсилната конкуренција во споредба со изминатите години
Жарко Арсовски, каратист на „Макпетрол“ во категоријата +84 кг со четири победи успеа првпат во историјата на македонските сениори да се пласира во финалето на овој турнир и да го освои Сребрениот медал. Претходно, само Иво Цветковски во 2007 г. успеа да го освои Бронзениот медал.Арсовски до медалот стигна преку борби во: 1 коло Vs. Х.Саката (Јапонија) со резултат 6-3, 2 коло Vs. В.Урсив (Хрватска) со резултат 1-0, 3 коло Vs. Декоста (Канада) кого го победи со 2-0 и во 4. коло, во полуфиналето успеа да го совлада најдобриот турски спортист од тешка категорија во неизвесна борба која во регуларниот тек заврши нерешено 1-1. Потоа имаше продолжение кое исто така заврши нерешено. По судиското изјаснување македонскиот каратист победи со 3-0 и успеа да влезе во финалето.Во финалната борба со домашниот натпреварувач И.Гари и со забележителна судиска асистенција поради домашниот терен, Арсовски загуби со 1-2 и го освои сребрениот медал.Од другите македонски натпреварувачи, Богдан Мицов од „Макпетрол“ и Иво Цветковски од „Металург“ влегоа во репасаж по две победи меѓутоа во борбата за бронзени медали не успеаја и мораа да се задоволат само со пласманите на седми местаОгнен Груевски од „Металург“ исто така стигна до третото коло во кое загуби од мароканскиот каратист.Најдобрата спортситка на Македонија за минатата година, Наташа Илиевска од „Макпетрол“ почна со брилијантна победа над натпреварувачката од САД со 6-0, но во второто коло загуби од јапонската каратистка со 1-2. Марија Гудеска во дисциплината кати стигна до третото коло.Македонските репрезентативци ги исполнија очекувањата од првиот турнир со кои ќе се сондираат детално сите резултати и пополека ќе се темпира формата за најголемите две натпреварувања кои не очекуваат кон средина на годината.Овој турнир во 2010 г. е со посебен белег, бидејќи претставува почеток на вистинските споредби и филтрација на најдобрите во годината која на континентот ќе се одржат Европско и Светско првенство.Вкупно 41 држава од целиот свет, меѓу кои и најдобрите, Јапонија, Англија, САД, Венецуела, Иран, Мексико, Канада, Сенегал, Турција, Алжир, Хонг Конг како и најсилните од Европа, вклучувајќи ги и најдобрите на Балканот се бореа за трите медали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.
Спорт
Јунајтед стави 11 играчи на трансфер листата
Манчестер Јунајтед игра уште една лоша. Поради тоа Сер Џим Ретклиф и останатите челници на „црвените ѓаволи“ донеле радикална одлука, во летниот преоден рок на продажба ќе биде половина од тимот.
Шестото место, 53 бодови и 24 бодови зад лидерот Арсенал по 33 одиграни натпревари сигурно никого не задоволува на „Олд Трафорд“.
Покрај тоа, клубот го загуби финалето на Лига купот и заврши на четвртото место во групата на Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн, Копенхаген и Галатасарај.
Пред неколку дена Манчестер Јунајтед на „мускули“, по изведувањето пенали го елиминираше Ковентри во полуфиналето на ФА Купот. За трофејот ќе игра против Манчестер Сити на 25 мај на Вембли.
Поради тоа во клубот донеле радикална одлука. 11 играчи ќе бидат ставени на трансфер листата и ќе можат да го напуштат клубот во летниот преоден рок.
На списокот има Во него има неколку звучни имиња:
Арон Ван-Бисака
Виктор Линделоф
Хари Мегваер
Рафаел Варан
Касемиро
Кристијан Ериксен
Антони
Дони Ван де Бек
Џејдон Санчо
Ентони Марсијал
Маркус Рашфорд