Свет
Властите очекуваат 350.000 демонстранти на инаугурацијата на Трамп
Повеќе од 35 илјади демонстранти се очекуваат следната седмица на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, пишува изданието Politico повикувајќи се на Националната служба за паркови којашто го контролира пристапот до Националната алеја во близина на Белата куќа и Капитол Хил каде што на 20-ти јануари ќе се одржи церемонијата.
„Службата за паркови регистрирала барања за Националната алеја од најмалку 28 групи и очекува над 350 илјади луѓе, како што покажува внатрешниот список на ресорот. Вообичаено за инаугурациите доаѓаат по пет до шест барања“, пишува Politico.
Сапак, како што забележува, станува збор за непотврдени бројки, кои ги доставиле самите организатори. На пример, една од групите организатор на протест на жени најавила 200.000 учесници.
Претходно во четвртокот агенцијата Reuters објави дека стотици активисти се закануваат дека ќе се обидат да ја прекинат инаугурацијата на избраниот американски претседател Доналд Трамп, којашто ќе се одржи на 20-ти јануари во Вашингтон.
Станува збор за активистите на граѓанското здружение DisruptJ20, коешто ги координира плановите за своите акции со редица други организации, вклучително и движењето за правата на црнците Black Lives Matter, пишува Reuters.
„Сакаме да ја блокираме инаугурацијата. Сакаме во градот и целата држава да настане метеж“, го цитира агенцијата претставникот на DisruptJ20, Дејвид Торнстон.
Според него, мобилизирани се околу 300 активисти со цел на денот на инаугурацијата на новиот американски претседател да ги блокираат 12-те контролни пунктови, кои ќе бидат поставени околу Капитол Хил и по должината на рутата на парадата по авенијата Пенсилванија.
Како што дознава Reuters, властите во Вашингтон им издале одобрување за спроведување протестен собир на 20-ти јануари на 27 различни групи и организации. Тоа е четири пати повеќе отколку во текот на инаугурациите на претходниците на Доналд Трамп на должноста шеф на државата.
Веднаш по изненадувачката победа на Доналд Трамп на американските претседателски избори на 8-и ноември, се чинеше дека на претседателската инаугурација нема да има многу луѓе, забележува Politico. Особено бидејќи демократите, кои беа сигурни во победата на нивната кандидатка Хилари Клинтон, масовно ги откажуваа резервациите во хотелите во Вашингтон кои ги направија. Сега, пак, повеќето големи хотели ги распродале речици целосно капацитетите на републиканците, како и на учесници на најавените протести.
По изборот на Трамп во повеќето големи американски градови беа организирани улични протести од разни граѓански здружени кои траеја неколку дена. Републиканецот за нив ги обвини невладини организации финансирани од институциите на Демократската партија а активистите ги нарече „платени демонстранти“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.