Свет
Клинтон имала два милиона гласови повеќе од Трамп
Неуспешната кандидатка за претседател на САД на Демократската партија, Хилари Клинтон., имала два милиона гласови повеќе од нејзиниот противкандидат од Републиканската партија, Доналд Трамп на гласањето на 8-ми ноември, но сепак загуби поради изборниот систем според кој сега избраниот американски претседател освоил повеќе ткн електори.
Американските избори се спроведуваат на две нивоа. Во првата фаза гласаат избирачите во секоја сојузна држава поединечно. Кандидатот, кој ќе победи во една држава, ги собира сите таканаречени електорски (изборни) гласови од државата, чиј број одговара на бројот на изборните единици за избор на претставниците во Конгресот. Во втората фаза се утврдува кандидатурата на претендентот кој ги постигнал потребните 270 од 538 гласови за влегување во Белата куќа.
Притоа, во 48 држави важи правилото „победникот ги носи сите гласови“, односно кандидатот кој една од овие држави го освојува мнозинството гласови од избирачите, макар и со најмала можна разлика ги освојува сите електори во конкретната држава, а исклучок се Небраска и Мејн коишто електорите ги делат сразмерно според бројот на гласовите.
Доналд Трамп освои 290 електорски гласови, а Хилари Клинтон 232, поради што и не успеа да стане првата жена во историјата на САД која ќе биде станар на Белата куќа во својство на шеф на државата.
Хилари Клинтон остварила предност од 1,5 процентни поени, наведуваат во средата експертите од Cook Political Report. Таа освоила 64.227.373 гласови, а Трамп 62,212.752 гласови, според податоците објавени во средата, пренесува Politico.
Ова е вторпат во овој век претседателскиот кандидат на Демократската партија да освои повеќе гласови, но сепак да ги загуби изборите. Во 2000 година Ал Гор загуби во трката со Џорџџ В. Буш, иако имаше 544.000 гласови повеќе./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.