Европа
Кремљ: Русија нема никаква врска со труењето на Скрипал
Москва нема никаква врска со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка со нервен гас во Британија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој порача дека Русија не прифаќа јазик на ултиматум.
„Ставот на Москва е добро познат, Лондон за тоа е известен преку дипломатски канали – Москва нема никакви врски со случувањата на Велика Британија“, изјави пред новинарите Песков.
Песков нагласи дека се надева оти ќе надвладее здрав разум и дека други држави ќе се замислат за тоа дали постојат докази или не и колку може да бидат основани какви било обвинувања на сметка на Русија.
Руската амбасада во Лондон упати барање за официјално објаснување од британскиот Форин офис во врска со заканата со сајбер-нападот за што се слушна во британскиот Парламент и Думата предупредувајќи на последиците што би ги предизвикал таков евентуален напад.
„Русија со сериозност гледа на кршењето на сајбер-безбедноста. Не само што Русија неосновано и провокативно ја обвинуваат за инцидент во Солсбери туку ѝ се закануваат и со сајбер-напад за кој веќе се развиваат планови“, се наведува во соопштението на руската амбасада, пренесе ТАС.
Одлуката, како што се додава во соопштението, судејќи по изјавата на премиерката Тереза Меј, би можела да биде донесена веќе утре на заседанието на Советот за национална безбедност.
Весникот „Тајмс“, претходно, повикувајќи се на извор од британската влада, објави дека Лондон разгледува можност за изведување таен сајбер-напад на Русија како одговор на труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.
Претходно, денеска, Русија упати силен протест до британската амбасадорка во Москва, Лори Бристоу, сметајќи ги за неосновани обвинувањата на Лондон дека Русија е вмешана во труењето на Скрипал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.