Свет
Сенатот го потврди Рекс Тилерсон за државен секретар, комплицирано за другите предлози на Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп успее да постигне Сенатот во средата да го потврди неговиот шеф на дипломатијата Рекс Тилерсон, но демократските пратеници сакаат да ги оспорат другите именувања на главните членови на американската администрација и неговиот кандидат за Врховниот суд.
Речиси десетгодишниот главен директор на големата американска нафтена компанија „ExxonMobil“, Рекс Тилерсон, отстапи од оваа позиција на 31-ви декември за да ја прифати номинацијата на Доналд Трамп, и на 12-ти јануари пред сенатската комисија за надворешна политика зборуваше за потврдување на неговата должност шеф на американската дипломатија, кога откри многу несогласувања со политиките најавени од претседателот, како во поглед на санкциите кон Русија, во однос на НАТО, договорот со Иран, Мексико….
По жестоката расправа во вторникот, Сенатот со 56 гласови „за“ и 43 „против“ го потврди Тилерсон на должноста државен секретар на САД. Се гласаше главно по партиска припадност, па сите републиканци гласаа за Тилерсон, но и четворица демократи, сенаторите Хејди Хејтамп, Џо Макина и Марк Варнер, како и Ангус Кинг како независен сенатор.
Така, 64-годишниот индустријалец од Тексас го замени Џон Кери кој отстапи од должноста на 19-ти јануари.
Меѓутоа, работите се комплицираат за другите кандидати кои ги избра Доналд Трамп.
Всушност, демократите бараат можности за да возвратат, бидејќи Конгресот со републиканско мнозинство добар дел од мандатот на демократскиот претседател Барак Обама ги блокираше поголемиот дел од нивните иницијативи, а бидејќи претрпеа пораз на претседателските избори во ноември, и по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа немоќно набљудуваат како се распаѓа наследството на неговиот претходник, коментира AFP.
Шефот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шамер веќе предупреди дека ќе бара новиот судија на Врховниот суд кој го кандидираше Трамп, Нил МекГил Горсач, 49-годишниот доктор по право и филозофија, да биде потврден со големо мнозинство од 60 од 100-те сенаторски гласови.
Имајќи предвид дека мнозинството на Републиканската партија е од 52 сенатора, тие во тој случај ќе мора да придобијат барем осум сенатори од Демократската партија.
Доколку, пак, се случи блокада на изборот на Горсач, републиканците би можеле да ги променат правилата според коишто простото мнозинство би било доволно за потврда, а што го нарекуваат „нуклеарна опција“.
„Сакаме (Горсач) да имате достоинствена постапка на именувањето, а не понижувачка, бидејќи оние од другата страна навистина се понижувачки, сакаст да ве прикажат што полош, а и медиумите исто можат да бидат многу понижувачки“, претходно рече Трамп на средбата со Горсач“.
Како одговор на системската блокада од страна на демократите кои бојкотираа неколку седници на сенатските комисии на коишто се сослушувани кандидатите за министер за финансии Стивен Тернет Мнучин, поранешен функционер во банката „Goldman Sachs“ и министер за здравство, Томас Едмундс Прајс, пратеник од сојузната држава Џорџија, републиканците во средата го заобиколија правилото на кворум за потврда на двајцата министри.
Тоа е досега неспроведена практика. Сепак, и Мнучин и Прајс во Сенатот треба да бидат потврдени со просто мнозинство, коешто републиканците го имаат.
Белата куќа ги обвини демократите во понеделникот за опструкција на номинираните кандидати на Трамп. Досега чекаа на одобрување 17 кандидати за челните места во министерствата или важните агенции, прецизираа од Белата куќа. Според процените на сегашната администрација, во истиот период, односно единаесеттиот ден од инаугурацијата на новиот претседател, Барак Обама не можел да добие потврда на само 7 од своите кандидати, а Џорџ В. Буш помладиот само за четворица./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.