Свет
Трамп тврди дека Русија не влијаела на него
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Русија не се обидела да влијае врз него, и ги обвини разузнавачките агенции на САД за новинските извештаи во кои пишуваат дека Москва собирала копромитирачки податоци за него од личен и финансиски карактер.
Американските медиуми ноќта кон средата го објавија тајниот извештај на американските разузнавачки агенции за наводното руско влијание врз американските претседателски избори, а тоа содржи и компромитирачки податоците кои за Доналд Трамо ги собирале руските разузнавачки служби.
Во серијата објави на Twitter, неколку часа пред првата прес-конференција во речиси шест месеци, Трамп ги обвини разузнавачките агенции, дека со пуштањето на ваквите информации се обидуваат да го зададат „завршниот удар“.
„Живееме ли во нацистичка Германија?“, запраша Трамп, откако напиша „Разузнавачките служби ме смееја да дозволат истекување на тие лажни објави во јавноста. Тоа е уште еден истрел во мене…“.
Трамп и неговиот иден шеф на кабинет Ренс Прибас прилогот на телевизијата CNN за наводни компромитирачки информации за новоизбраниот американски претседател кои се во рацете на руските разузнавачки служби ги нарекоа „лов на вештерки“.
„Русија никогаш не се обидела да влијае врз мене. Немам ништо со Русија – никаков договор, позајмица, ништо“, напиша Трамп на Twitter укажувајќи и на тоа дека и Кремљ ги отфрлил таквите обвиненија.
Американските медиуми истакнуваат дека Русија, па и без неодамнешните објавувања ќе биде главната тема на прес-конференцијата којашто Трамп ќе ја одржи во среда во 11 часот по локално време.
Трамп во објавата пред средбата со новинарите истакнува дека „лесно победил“ на претседателските избори, повторувајќи дека неговиот избори го потврдија и двата дома на Конгресот. Порача дека станува збор за уште еден обид на неговите „бескрупулозни противници“ да ја минимизираат неговата победа, ширејќи лажни информации за него./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.