Свет
Судијката Бабуновска изземена поради случајот „Благој Ѓорев“
Велешката судијка Цана Бабуновска, која три месеци одбива да свика вонредно акционерско собрание во компанијата „Благој Ѓорев“, повеќе нема да одлучува за тој случај
Велешката судијка Цана Бабуновска, која три месеци одбива да свика вонредно акционерско собрание во компанијата „Благој Ѓорев“, повеќе нема да одлучува за тој случај. По барање на загрижени акционери, кои се незадоволни од работата на управителите на таа компанија, Јордан Лазаров, претседателот на велешкиот Основен суд во петокот одлучил да ја изземе Бабуновска од случајот, со закажување акционерско собрание во „Благој Ѓорев“.
Лазаров дејствувал брзо и ја иззел Бабуновска од предметот утредента откако акционерите го побарале тоа од него. По изземањето на Бабуновска предметот му е предаден на судијата Борис Милојков, кој треба да закаже рочиште за свикување акционерско собрание во „Благој Ѓорев“ идната среда. Како што „Време“ во неколку наврати пишува, судијката Бабуновска од 20 декември се прогласува за ненадлежна бидејќи одбива барања на група акционери и не закажува вонредно акционерско собрание во таа компанија. Бабуновска, која според Законот за трговски друштва е должна во рок од 8 дена да закаже акционерско собрание, не го почитувала ниту решението на скопскиот Апелациски суд, кој, откако се прогласи за ненадлежна, и наложил да го разгледа предметот затоа што велешкиот суд е надлежен да го стори тоа.
Високи извори од Републичкиот судски совет потврдија дека утре ќе направат увид по претставката на акционери што се сомневаат дека Бабуновска била пристрасна и им нанела материјална штета со одолжувањето на случајот. Ленче Софрониевска пред две недели во разговор со новинар на „Време“ најави дека ќе утврдат дали постои основа во сомневањата на акционерите. Досега не го разгледале предметот затоа што бил во Врховниот суд.
Н. С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.