Свет
Поштата продала марки десетпати поевтино
Продажба на поштенски марки по цена десеткратно пониска од проценетата, ненадоместлива штета од грабежот на неколку поштенски пратки со пари поради непочитување на процедурите за транспорт и неосигурување на имотот и пратките, се дел од неправилностите што ги утврдила ревизијата во ЈП „Македонска пошта“.
РЕВИЗИЈА ВО „МАКЕДОНСКА ПОШТА“
Продажба на поштенски марки по цена десеткратно пониска од проценетата, ненадоместлива штета од грабежот на неколку поштенски пратки со пари поради непочитување на процедурите за транспорт и неосигурување на имотот и пратките, се дел од неправилностите што ги утврдила ревизијата во ЈП „Македонска пошта“.
Државниот завод за ревизија за работењето на ова јавно претпријатие во 2005 година утврдил и купување производи и услуги без постапка за јавна набавка, исплата на плата за директорот без одлука од надлежен орган и потрошени 700 илјади евра за луѓе ангажирани спротивно на законите. Директор на „Македонска пошта“ во перидот за кој е вршена ревизија беше Таип Јакупи.
Според извештајот, „Македонска пошта“ продала поштенски марки од серијата Европа 2001, 2002, 2003, 2004 и „50 години од првото издание на Европа“ на Епидамус од Тирана за 55 илјади евра. Продажбата била извршена без претходно склучен договор и со рабат од 50 отсто. Со тоа, смета ревизорот, бил остварен помал приход. Ревизорот обрнува внимание дека вредноста на овие марки од друга филателистичка организација биле проценети на 700 илјади евра.
Државниот ревизор утврдил дека раководството на „Македонска пошта“ при доставувањето пари не се придржувало до процедурите пропишани со правилниците за физичко и техничко обезбедување, со присуство на најмалку двајца вработени или со асистенција на полицијата. Ревизорите забележуваат дека паричните пратки не биле ниту осигурени, со што нема услови за надомест на штетите.
„Непочитувањето на процедурите за транспорт на пари овозможило во 2005 година по пат на грабежи – разбојништва над службени возила на поштата да се украдат на 19 септември 2 милиона денари (32 илјади евра), а на 16 декември да се украдат 36 милиони денари (600 илјади евра). Со тоа е нанесена материјална штета на ‘Македонска пошта’ без можност истата да биде надоместена“, пишува во ревизорскиот извештај.
Ревизорите забележуваат дека без спроведена постапка за јавна набавка биле набавени производи и услуги за вкупно 91 илјада евра. „Македонска пошта“ набавила и 118 компјутери од фирмата „Космос ЛТД“ со договор што не бил склучен во рок утврден со Законот за јавните набавки.
(М.Б.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.