Свет
Зошто Морфопулос не доаѓа да види што купил?
Последните збиднувања во ТК Куманово како што веќе пишувавме, претставуваат рефлексија на работењето на менаџерскиот борд на претпоследниот сопственик Василис Морфопулос.
СЛУЧАЈ „ТУТУНСКИ КОМБИНАТ КУМАНОВО“ (5)
Зоран Божиновски
Последните збиднувања во ТК Куманово како што веќе пишувавме, претставуваат рефлексија на работењето на менаџерскиот борд на претпоследниот сопственик Василис Морфопулос. Многу фалсификати, многу чудни пишани одлуки, многу сомнителни луѓе околу него, а и самиот Морфопулос беше и остана енигма за вработените во ТКК. Иако се надеваа дека конечно добиле работодавец по мерка, припадник на капиталистичкиот свет кој почитува работнички и социјални права, почитува ред и поредок, сака работа и дисциплина, сепак се излажаа. По којзнае кој пат.
Морфопулос откако станува нов директор на БИД холдингс Лимитид, издава полномоштва за застапување на извесен Богољуб Милосављевиќ од Врање, Србија и на адвокатката Љубица Рубен. Полномоштвата се со датум 11 февруари 2005 година и со печат од БИД холдингс ЛТД, фирма што 20 дена порано е избришана од регистарот на компании на Кипар. Значи, полномоштвата се издадени и потпишани по бришењето. Со вакви незаконски подготвени документи било закажано Собрание на акционери со решение на Основниот суд во Куманово од 30 март 2005 година. На ова решение оштетени акционери и членови на претходниот управен одбор поднеле жалба но судот, која останала без одговор.
Собранието на акционерите на ТКК сепак се одржува, а потоа во Основниот суд Скопје 1 во Скопје (бр. 1464/05 од 6 мај 2005 година) е извршен и упис на нов совет на директори. Претходните директори, предводени од Стевчо Коцевски, немаа правосилно решение за упис во судот. Интересно е што тие, стариот управен одбор, такво решение добиваат на 25 мај 2005 година, дваесетина дена по уписот на бордот именуван од Морфопулос. Стариот управен одбор (на Коцевски) поднесуваат и тужба во која бараат поништување на блок-трансакцијата, која на Македонската берза беше изведена во корист на Василис Морфопулос. Таа тужба никогаш не е разгледана во судска процедура.
Со новиот газда, довчерашните синдикални лидери Миодраг Ѓорѓиевски и Часлав Стојановиќ седнаа во директорски фотелји. Станаа и синдикалци и директори. Обајцата, сега како директори тргнуваат во потрага по свежи пари, контактираат со банки, бараат кредитна поддршка со која би го покренале производството на ТКК.
Работниците и понатаму се без работа и пари и почнуваат да бараат средба со Василис Морфопулос, да го видат, да дојде да види што купил, сакаат да видат со кого си имаат работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.