Свет
Телеком ја штител Македонија од лоши инвеститори
Претставникот на Телеком пред Европската комисија во Брисел тврдел дека освен Телеком Македонија не може да привлече друг голем странски инвеститор зашто пазарот е мал.
ОДБРАНА ВО БРИСЕЛ
Претставникот на Телеком пред Европската комисија во Брисел тврдел дека освен Телеком Македонија не може да привлече друг голем странски инвеститор зашто пазарот е мал. Извори од Комисијата велат дека од она што завчера претставникот на Македонски те
"Македонски телекомуникации" подготвува одговор на жалбата од словенечката "Актон комуникации", кој соодветно ќе биде доставен до надлежните во земјава, како и до Европската комисија, ова го потврдуваат од Комисијата по завчерашната средба во Брисел со претставниците од македонската компанија.
"Ние веќе ја истражуваме работата на словенечката компанија и имаме сознанија дека не е толку голема, колку што се претставува и дека не оперира на тамошниот пазар", изјавил Дејан Силјановски, директор за регулатива во "Македонски телекомункации" и двајцата претставници од унгарската консалтинг фирма ТГГ. Тие веќе доставиле копија од жалбата и до вицепремиерката Радмила Шекеринска, како и до Агенцијата за електронски комуникации. На состанокот е изнесен и фактот дека "Мактел" треба да продолжи со досегашниот начин на работа, како единствен сериозен инвеститор во доменот на телекомуникациите во земјава. Според Силјановски, пазарот е мал за било кој голем стратески инвеститор да се заинтересира за него. Мегутоа, од Комисијата сметаат дека доколку во Македонија нема ефективна конкуренција, тогаш треба да се ослободи пазарот за компаниите кои би можеле да дејствуваат од соседните земји. "Од она што беше презентирано од претставниците од ‘Мактел’, сметаме дека тие не се расположени да го дадат својот дел од колачот. Тоа го заклучивме по изложувањето на аргументите". Комисијата е на мислење дека единствениот начин да се поправи пропустот во либерализацијата на македонскиот пазар е донесувањето на подзаконските акти, кои од македонска страна, на вчерашниот состанок биле ветени за неколку месеци. Валентин Нешовски од секторот за Евроинтергации во Владата потврдува дека на 31 октомври годинава ја добиле реакцијата од словенечката фирма "Актон комуникации" и регирале во Агенцијата за електронски комуникации. "Побаравме и очекуваме од Агенцијата да добиеме мислење за наводите на ‘Актон комуникации’", вели Нешовски, не прецизирајќи до кога ќе ја чекаат Агенцијата да им одговори. Директорот на Агенцијата Коста Трпковски е во Тунис на службен пат и ни порача да се воздржиме со прашањата додека да се врати на работа. Добро упатени извори велат дека службените патувања на Трпковски е една од причините што регулаторот потфрла, а Телеком користи. Трпковски за Тунис заминал само што се вратил од Германија, а нашол време да скокне и до Словенија. Неофицијално дознаваме дека роковите за донесување на подзаконските акти истекуваат до крајот на годинава, а колку и што е сработено ќе се знае откако Трпковски ќе се врати во земјава.(С.С.-Т.Ј.)* * * Телеком се премисли Во "Македонски телекомуникации" потврдуваат дека нивна делегација неделава е во Брисел, но, целта на посетата не била реакцијата од "Актон комуникации". "Престојот на Дејан Силјановски во Брисел е со цел да присуствува на состанокот на ниво на ‘Дојче телеком" Групацијата. Остварени се неофицијални средби со Европската комисија. Таа не ги третира случаите во земји кои не се членки на ЕУ, тие се во надлежност на домашните институции", велат од Телеком. Досега ниедна домашна институција не ги контактирала за жалбите од странските инвеститори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.