Европа
Белгија го подигна нивото на тревога, затворена подземната железница во Брисел
Сите станици на подземаната железница во белгиската престолнина Брисел се затворени во саботата, објави Stib, јавната транспортна компанија, откако Белгија на целата територија го подигна нивото на терористичка тревога на максимално поради „непосредна“ закана.
„На препорака на кризниот центар на Внатрешната сојузна јавна служба, сите наши постојки на подземната железница денеска ќе останат затворени. Станува збор за предострожност“, објави со саботата утрото компанија Stib на својата интернет страница.
„Автобусите сообраќаат, но некои трамваи се опфатени со таа мерка… Во консултации со компетентните власти и полицијата, ќе одлучиме од денеска за утре дали постојките повторно ќе бидат отворени“, се додава во соопштението.
Белгија ноќта кон саботата ги подигна на највисокото четврто ниво мерките од терористичка тревога за градот Брисел, објави националниот кризен центар OCAM. Нивото на опасност од терористичка закана е подигнато за главниот град по новата процена на ситуацијата којашто е означена како „сериозна и непосредна закана“, соопштија од кризниот центар.
На 17-ти ноември, четири дена по терористичкиот масакр во француската престолнина Париз, OCAM го зголеми нивото на тревога од терористички напад на територијата на цела Белгија на третото ниво („сериозна опасност“).
Претходно и во периодите по терористички инциденти или големи меѓународни и јавни настани засилените безбедносни мерки во Белгија максимално беше подигнувана до третото ниво, што означува дека во периодов постои многу веројатна и веродостојна терористичка закана за белгиската престолнина, коментираат локалните медиуми./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Макрон не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија „ја пробие линијата на фронтот“
Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Економист изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија „ја пробие линијата на фронтот“ и ако Киев тоа го побара од Париз, пренесува BFMTV.
„Доколку Русите ги пробија првите линии на фронтот и ако има украинско барање – што не е случај денес – би било легитимно да се постави тоа прашање“, рече Макрон.
Веќе во февруари, Макрон ја покрена можноста за испраќање западни трупи на украинска територија, потсетува БФМ.
„Како што кажав, не исклучувам ништо бидејќи има некој од другата страна кој не исклучува ништо. Без сомнение, бевме премногу сомнителни кога ги дефиниравме границите на нашата акција”, рече францускиот претседател.
Макрон рече дека „априори отфрлањето“ на можноста за испраќање војници би значело дека „не се научени лекциите од последните две години“, бидејќи во летото 2022 година биле против испраќање тенкови, ракети со долг дострел и авиони. и сега сето ова го испорачуваат во Украина.
„Имам јасна стратешка задача: Русија не смее да победи во Украина. Ако Русија победи во Украина, нема да има безбедност во Европа“, додаде тој.
„Кој може да тврди дека Русија ќе застане таму? Каква безбедност има за другите соседни земји, Молдавија, Романија, Полска, Литванија и толку многу други? И тогаш, каков кредибилитет има за Европејците кои би потрошиле милијарди, велејќи дека тоа е опстанокот на континентот и не би обезбедиле средства за запирање на Русија. Така да, не треба ништо да исклучуваме“, истакна Макрон.
Европа
Во Швајцарија ќе се одржат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат
Швајцарската влада денеска соопшти дека во оваа фаза Русија не е меѓу 160-те делегации поканети на мировните преговори за Украина што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.
„Швајцарија е убедена дека Русија мора да биде вклучена во тој процес“, соопшти швајцарската влада. „Мировниот процес не е можен без Русија“.
Швајцарската влада соопшти дека отсекогаш била отворена за поканата на Русија, но Москва постојано нагласувала дека не е заинтересирана за учество на првиот самит.
Руските власти истакнуваат дека Швајцарија усвоила европски санкции против Москва поради инвазијата на Украина и затоа нема кредибилитет како неутрален посредник.
Европа
Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина
Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.
Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.
Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.
Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.
Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.
Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.