Европа
Каталонскиот процес продолжува без оглед на шкотското ’не’
Процесот чија цел е независна Каталонија „продолжува и станува сè посилен“ и покрај победата на унионистите во Шкотска, изјави во петок Артур Мас, претседателот на оваа шпанска покраина, решен каталонците да организираат референдум на 9 ноември, покрај противењето на Мадрид.
Шкотска, каде што британската влада дозволи референдум за независност, испрати „моќна порака, силна порака и очигледно позитивна“, организирајќи го гласањето, додаде Мас на прес конференција во Барселона.
„Каталонскиот процес продолжува. Каталонскиот процес се чувствува зајакнат бидејќи гледаме како земја во ЕУ успеа да постигне договор околу гласањето“, рече каталонскиот претседател надлежен за проектот на референдумот.
„Го велам тоа бидејќи ако некој вели дека победата на ’не’ во Шкотска фрла сенка врз каталонскиот процес, се лаже“, додаде Мас.
„Доколку победеше ’да’, последиците од гласањето на европско ниво ќе беа поочигледни. Нема да го имаме тој преседан со Шкотска, можеби прв пример ќе биде Каталонија“, рече Мас.
Во петок каталонскиот парламент би требало да изгласа закон кој би дозволил консултации на 9 ноември, со што се сака да се заобиколи Мадрид. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.