Европа
Киев ја обвини Русија за распоредување војници кон истокот на Украина
Киев во неделата ги осуди разместувањето на руски воени единици кон границата со источна Украина во моментите кога побунетите проруски региони спроведуваат избори.
„Забележано е голем разместување на непријателски воени сили и опрема од руската територија кон територијата под контрола на бунтовниците“, изјави во неделата украинскиот воен портпарол Андриј Лисенко на прес-конференција одговарајќи на прашање за видео снимки емитувани на руски медиуми. На нив се гледаат десетици воени камиони без регистерски таблички за кои во телевизиските извештаи на украинските медиуми се говори како за „руска колона на улиците на Донецк“, центарот на проруските бунтовници,Новинарите на AFP во неделата попладне забележале колона од дваесетина воени камиони од кои повеќето од нив превезувале противвоздушни оружја во насоката на аеродромот Донецк, од кој половината е под контрола на украинските сили лојални на прозападните власти во Киев. Не било можно да се утврди од кој правец доаѓаат возилата и дали станува збор за ново оружје. Ноќта кон неделата и други западни медиуми повикувајќи се на своите репортери на теренот информираа дека имало воено разместување во близината на Донецк.Русија, којашто Киев и Западот ја обвинуваат дека ги вооружува бунтовниците на истокот од Украина и дека таму испраќа и свои воени сили, упорно негира дека е вмешана во судирот кој го нарекува внатрешен украински, во кој од април годинава загинаа околу четири илјади луѓе./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.