Европа
Лавров: Киев го одложи договорот со ЕУ, како што предложи и Јанукович
Решението на сегашните украински власти да не ја активираат Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија е идентично како и барањето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович од пред десет месеци, но тогаш беше можно да се избегнат бројните човечки жртви, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Според Лавров, „одлуката што ја донесоа ЕУ и Украина, до крајот на 2015 година да се одложи стапувањето на сила Спогодбата за придружување, односно оние сегменти од неа кои создаваат ризици за руската економија, во голема мера е идентично како и она што го бараше Виктор Јанукович“.„Тој (Јанукович) рече – ‘сакам да го одложам потпишувањето (односно стапувањето на сила), дајте ни повеќе време да размислиме. Доаѓањето до сличен резултат, кој беше можен во ноември 2013 година кога Виктор Јанукович одлучи да го суспендира времено потпишувањето, по десет месеци, но со огромна цена на човечки животи и разорувања, нема да оди во полза на оние кои го започнаа сето тоа“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаврвов во интервју на Петтиот канал. Јанукович тогаш образложи дека поради тешката материјална состојба на Украина немал друг избор освен да им понуди на партнерите во ЕУ да се направи пауза, да се спроведат трилатерални разговори во формат ЕУ – Украина – Русија и да се побара во таквиот формат заемно прифатлива варијанта којашто ќе даде одговор на прашањата коишто се појавија во заемните економски и трговски односи. Според него, во тој момент Спогодбата во таквата варијанта, не им одговарала на националните интереси на Украина и ќе ѝ нанесела на земјата „огромни непоправливи штети.Поранешниот украински челник рече и дека Украина била ставена во тешка на ситуацијата пред самитот во Вилнус, а тоа се условите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за доделување кредит, зголемување на 50 отсто на цената на гасот за населението, замрзнување на платите, а тоа од своја страна претпоставувало и намалување на пензиите социјалната помош, што би го турнало населението во беда.Откако кон крајот на ноември 2013 година, украинската влада го суспендираше подготовките за потпишување на Спогодбата за придружување со ЕУ започнаа масовните безредија по кои со посредство на ЕУ Јанукович се согласи да го врати уставот од 2004 година, однос претседателските овластувања да се префрлат во полза на парламентот, и да се спроведат предвремени претседателски избори. Меѓутоа, веќе следниот ден Врховната Рада (парламентот) од кој беа буквално протерани стотина пратеници на владејачката партија прогласи наводно самоотстранување на Јанукович од должноста. Киевските прозападни власта во април започна воена акција во југогоисточна Украина каде што се побуни рускојазичното население откако беше укинат законот за јазиците со кој рускиот го загуби статусот на службен. Според Обединетите нации до 11-ти септември во конфликтот загинале 3.200 цивили, а повеќе од 8.000 се ранети.Европскиот парламент и Врховната Рада на 16-ти септември истовремено ја ратификуваа Спогодбата за придружување, којашто требаше да стапи на сила на 1-ви ноември 2014 година. Меѓутоа во трилатералните договори меѓу Киев, Москва и Брисел, беше договорено имплементацијата на договорот за зоната на слободна трговија ќе биде одложено до 1-ви јануари 2016 година. За возврат Русија вети дека доколку се почитува договорот, нема да воведува мерки за заштита на својата економија, вклучително и воведување давачки за стоките од Украина./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Грузија сака да донесе закон за „странски агенти“, oфицијален претставник на ЕУ: Неприфатливо
Висок функционер на Европската унија денеска ја предупреди грузиската влада дека предложениот закон за „странски агенти“ е неприфатлив и ќе претставува пречка во напорите на земјата да се приклучи кон ЕУ, доколку биде усвоен во сегашната форма.
Грузискиот парламент вчера го усвои законот во второто читање, за кој опозицијата вели дека е инспириран од Кремљ, додека полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера толпата демонстранти.
Владата смета дека законот е неопходен за да се гарантира транспарентно странско финансирање на невладините организации.
Секоја вечер, речиси еден месец, се поголем број демонстранти излегуваат на улиците. Вчера десет илјади демонстранти го блокираа центарот на Тбилиси на најголемиот антивладин митинг организиран досега.
Герт Јан Купман, директор на Управата за проширување на Европската комисија, за новинарите во главниот град на Грузија изјави дека Брисел ја следи ситуацијата и е загрижен за тоа што се случува.
„Гледаме загрижувачки случувања кога станува збор за законодавството. Законот за транспарентност, кој беше усвоен во второ читање, е неприфатлив во сегашната форма и ќе создаде сериозни пречки на патот кон пристапување во ЕУ“, рече Купман.
„Но, има уште време. Во септември ќе излеземе со препораки дали да ги започнеме пристапните преговори со Грузија и да објавиме извештај во октомври и ноември, така што има уште време. Но, сега топката кај владата“, додаде тој.
Грузискиот парламент се очекува да го разгледа законот во третото читање за околу две недели.
Европа
Русија: Не ја гледаме поентата на мировната конференција во Швајцарија
Русија објави дека не ја гледа поентата на конференцијата за прекин на огнот во Украина што Швајцарија ја планира за средината на јуни и на која Москва не беше поканета. Швајцарската влада соопшти дека Русија „во овој момент“ не е меѓу десетиците поканети земји, додавајќи дека е отворена за нејзино учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн го најави собирот во јануари, велејќи дека го организирал на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека Москва не ја смета за веродостојна иницијатива.
„Не разбираме каква пресвртница би била таа мировна конференција“, им рече тој на новинарите. „За каква конференција зборуваме, за каква сериозна конференција со сериозни очекувања дека ќе има некакви резултати, без учество на Русија?
„Тоа е целосно невозможно и јасно е дека тоа е некаква иницијатива која не е фокусирана на резултати“, заклучи тој.
Швајцарската влада соопшти дека „мировниот процес не е можен без Русија. Украина, од друга страна, ги доведува во прашање придобивките од руското учество на состанокот што ќе се одржи во близина на градот Луцерн.
„Знаеме дека нема смисла да ја имаме Русија на маса ако не можете да се осигурате дека таа ќе дејствува со добра волја“, рече шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба минатата недела во интервју за магазинот „Форин полиси“.
Кулеба смета дека создавањето дополнителен притисок врз Русија на бојното поле и обединувањето на земјите „кои ги делат принципите“ ќе помогнат Русија да биде подготвена да учествува во дијалогот.
Европа
Макрон не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија „ја пробие линијата на фронтот“
Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Економист изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија „ја пробие линијата на фронтот“ и ако Киев тоа го побара од Париз, пренесува BFMTV.
„Доколку Русите ги пробија првите линии на фронтот и ако има украинско барање – што не е случај денес – би било легитимно да се постави тоа прашање“, рече Макрон.
Веќе во февруари, Макрон ја покрена можноста за испраќање западни трупи на украинска територија, потсетува БФМ.
„Како што кажав, не исклучувам ништо бидејќи има некој од другата страна кој не исклучува ништо. Без сомнение, бевме премногу сомнителни кога ги дефиниравме границите на нашата акција”, рече францускиот претседател.
Макрон рече дека „априори отфрлањето“ на можноста за испраќање војници би значело дека „не се научени лекциите од последните две години“, бидејќи во летото 2022 година биле против испраќање тенкови, ракети со долг дострел и авиони. и сега сето ова го испорачуваат во Украина.
„Имам јасна стратешка задача: Русија не смее да победи во Украина. Ако Русија победи во Украина, нема да има безбедност во Европа“, додаде тој.
„Кој може да тврди дека Русија ќе застане таму? Каква безбедност има за другите соседни земји, Молдавија, Романија, Полска, Литванија и толку многу други? И тогаш, каков кредибилитет има за Европејците кои би потрошиле милијарди, велејќи дека тоа е опстанокот на континентот и не би обезбедиле средства за запирање на Русија. Така да, не треба ништо да исклучуваме“, истакна Макрон.