Европа
Лавров: Русија ќе ги признае изборите во Донецк и Луганск
Русија ќе ги призне парламентарните и претседателски избори кои на 2-ри ноември ќе бидат спроведени во самопрогласените ткн Народни република во Донецк и во Луганс, побунетите рускојазични источни региони на Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Се надеваме дека изборите ќе се одржат како што е договорено и, секако, ќе ги признаеме нивните резултати. Се надеваме дека народот слободно ќе може да ја изрази својата волја и дека никој нема да се обиде однадвор да ги наруши изборите“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во разговорот за весникот Известија.
Според Лавров, тие избори треба да се одржат во двете ткн републики коишто проруските бунтовници ги прогласија откако прозападните власти во Киев назначија нови челници во источните доминантно рускојазични региони и откако го укинаа законот за јазиците со кој рускиот го загуби статусот на службен. Во почетокот источните региони бараа федерализација на Украина, но подоцна со разгорување на воениот конфликт ја отфрлија таа опција и прогласија непризнаен субјект Новосурсија, а нејзините челници изјавуваат дека на Украина гледаат како на „соседна држава“.
„… (Изборите во Донецк и Луганск) ќе бидат многу важни за озаконување на власт. Станува збор за важна точка од договорот постигнат во Минск“, вели Лавров алудирајќи на спогодбата за постигнување примирје од 5-ти септември склучен во белоруската престолнина меѓу претставниците на властите во Киев и бунтовниците од истокот со посредство на ткн Контактна група за Украина, во која влегуваат претставници на Украина, Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Една од точките од овој договор Киев ја испочитува изгласувајќи закон според кој регионите Донецк и Луганск ќе имаат „специјален статус“ во период од три години.
Регионите кои се под контрола на проруските бунтовници не учествуваа на предвремените парламентарни избори во неделата во остатокот на Украина. Тие претходно најавија дека ќе ги одржат своите избори на 2-ри ноември.
Лавров, кога станува збор особено за предизборната кампања во Украина вели дека се забележани „бројни неправилности“, но оцени дека изборите сепак се валидни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.