Европа
Мезиер сака да се ограничи бројот на бегалците во ЕУ
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер предлага Европската унија во иднина да прима ограничен број бегалци на својата територија, а другите баратели на азил да ги испраќа во некои од сигурните земји во нивниот регион.
„Не можеме да ги примиме сите коишто бегаат од зоните на судирите или поради сиромаштијата, а сакаат да дојдат во Европа или во Германија“, оцени во интервјуто за весникот Spiegel Томас Де Мезиер, кој инаку има потврди ставови во однос на бегалската криза од својата сопартијка германската канцеларка Ангела Меркел.
Мезиер смета дека Европа треба „да се обврзе на сразмерно великодушни контингенти во прифаќањето на бегалците“ и така да создаде „законска можност за доселување“, но и да ја одреди долната граница на „бројот луѓе“ за кои континентот може „да преземе одговорност на подолг рок“.
Таа континентална квота би ја следел клуч за распределба на бегалците меѓу земјите членки на Европската унија, според принципот за кој веќе со седмици се залага Германија, иако и натаму наидува на жестоко противењето кај некои од партнерите, во прв ред Велика Британија и некои земји од источна Европа.
Меѓутоа, Меркел никога не се залагаше за бројното ограничување на ниво на ЕУ, туку токму спротивното, го повикува германските соседи да го прифатат системот на квотите без ограничување.
Според Мезиер, пак, кога ќе биде достигната континенталната граница, Европејците би морале „да бидат сигурни“ дека кандидатите за азил ќе бидат вратени „во подрачјето од кое дошле“, на место каде што „можат да живеат безбедно и да бидат заштитени од прогон“.
„На тие земји мораме финансиски да им помогнеме“, додава германскиот министер, заложувајќи се за „поцврсти надворешни граници “ на ЕУ, но и оценувајќи дека оградите какви што подигна Унгарија „не се решението“.
Одговарајќи на прашањето што би требало да стори кандидат за азил кој е спасен од давење во Средоземното Море, германскиот политичар предлага таквото лице да биде вратено на „сигурно место во Африка каде што ќе испратиме помош“.Томас де Мезиер уште минатата седмица предупреди дека Германија повеќе не е расположена за можноста бегалците да може да „избираат“ во која земја во Европа ќе бидат прифатени. Покрај тоа, предложи на земјите кои се противат на квотите за распределување на бегалците, да им се намалат фондовите од ЕУ, што Ангела Меркел веднаш го одби./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.