Европа
Побунетите проруски региони во источна Украина ги избраа челниците
Побунетите доминантно рускојазични региони во источна Украина во неделата ги избраа челниците на самопрогласените ткн Народни републики во Донецк и Луганск, чии резултати, и покрај притисоците на ЕУ и САД, Русија најави дека ќе ги признае а Киев ги прогласи за „фарса“ и предупреди дека може да го загрозат кревкиот мировен процес.
Самопрогласениот премиер на Народната република Донецк, Александр Захарченко, во неделата е избра за претседател со повеќе од 81 отсто од гласовите според излезните анкети коишто покажуваат дека излезноста на избирачите била над 85 отсто, соопшти Рома Лјагин, шефот на изборната комисија.Партијата Захарченко кој во август беше именуван за премиер во Донецк командуваше со одредот на проруската милицја „Оплот“, добила 65 отсто од гласовите за народниот совет односно парламентот. Во Луганск, второто по големина и значење упориште на бунтовниците, според излезните анкети исто така би требало да победи бунтовничкиот водач Игор Плотницки.Изборите во самопрогласените републики Донецк и Луганск, би можеле да претставуваат потврда на фактот дека Киев дефинитивно ги загуби овие територии по шестмесечните судири во воената ткн „антитерористичка операција“’ во која силите лојални на прозападните власти во Киев се обидоа да ја повратат контролата врз регионите кон границата со Русија. Во конфликтот досега загинаа повеќе од четири илјади луѓе. Откако во март прозападните политички сили со масовните безредија во кои загинаа стотина луѓе во Киев го соборија поранешниот претседател Виктор Јанукович, кој беше сметан за проруски ориентиран, и откако новите власти во Киев со декрет во рускојазичните региони поставија свои луѓе, црноморскиот полуостров Крим преку референдум си ја поврати автономијата поништена во 1990-те со осамостојувањето на Украина и се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за руско нелегално анексирање на украинска територија. Прозападниот украински претседател Петро Порошенко изборите во Донецк и Луганс ги оцени како „фарса под закана со тенкови“ и „предизвик“ на кој Украина ќе мора соодветно да одговори.„Се надевам дека Русија нема да ги признае тие таканаречени избори бидејќи тие претставуваат јасно кршење на договорот до Минск од 5-ти септември кој го потпиша и рускиот претставник“, изјави Порошенко говорејќи за мировниот договор кој го потпишаа претставниците на Контактната група, односно на Украина, Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).Претходно од Луганск и Донецк, соопштија дека изборите се потребни за да се изберат политички претставници коишто ќе имаат легитимитет за преговорите. Западот ги критикуваше избори коишто ќе ги комплицираат мировните напори во украинската криза. Во Москва парламентарецот Михаил Маркелов во неделата навечер оцени дека „Киев е должен да ги призната изборите. Тоа е прашање на војна или мир“. Претходно седмицава шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе ги признае изборите, а германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор на му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека „сепаратистичките избори се нелегални“ и дека Европа нема да ги признава.Ниедна меѓународна организација не испрати официјално свои набљудувачи на изборите во Донецк и во Луганск, но некои претставници од членки на ЕУ отпатуваа самостојно во споменатите региони, а Киев одговори прогласувајќи ги за непожелни лица во Украина.Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-у оцени дека изборите „сериозно ќе го загрози договорот од Минск“. Примирјето на теренот сѐ потешко се одржува. Во текот на изборниот дена Донецк и Луганск од утрото беа под силен артилериски оган. Бунтовниците претходно најавија дека откако во остатокот од Украина неодамна се одржаа парламентарните избори, ќе следува нова офанзива на украинските сили. Според податоците на ОН, само последните денови во судирите загинале повеќе од 300 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина погоди руско пристаниште и рафинерија за нафта во напади со дронови
Украинските беспилотни летала извршија напади врз клучни руски енергетски објекти синоќа, погодувајќи го морското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај и рафинеријата за нафта Сизран во Самара, според руските власти и извештаите на медиумите, објавува The Kiev Independent.
Пожар во пристаништето Темрјук
Оперативниот штаб на Краснодарскиот крај потврди дека пристаништето Темрјук е оштетено по нападот со беспилотни летала што предизвика пожари. Иако регионалните власти не прецизираа кои објекти се погодени, тие рекоа дека „елементи од пристанишната инфраструктура се оштетени“.
More footage of the area near the Syzran refinery in the Samara region, Russia. Russian air defense tried to intercept the Ukrainian UAVs. pic.twitter.com/f9NPR4udtx
— (((Tendar))) (@Tendar) December 5, 2025
Сите вработени се евакуирани и нема извештаи за жртви. Според снимки од очевидци анализирани од рускиот опозициски медиум Астра, се чини дека гасен терминал бил во пламен по нападот. Пристаништето Темрјук е клучен руски објект на Азовското Море, со терминали за извоз на нафта и течен нафтен гас.
The port of Temryuk on the Azov Sea has been hit by drones and is on fire. Gazprom has alarge oil terminal here which might have been the target. Geolocated at 45.32364227260595, 37.384826699035216 pic.twitter.com/UL1Du6TzUp
— raging545 (@raging545) December 4, 2025
Експлозии во рафинерија на 700 километри од границата
Истата ноќ, жителите на градот Сизран во Самараската област, на околу 700 километри од украинската граница, пријавија експлозии во локална рафинерија за нафта. Снимки и фотографии на кои наводно се гледа нападот беа објавени на социјалните мрежи.
Градоначалникот на Сизран, Сергеј Володченков, го потврди нападот со беспилотни летала врз градот, но не ги именуваше целите. Рафинеријата Сизран, отворена во 1942 година, е во сопственост на државната компанија „Роснефт“ и има годишен капацитет за рафинирање од 8,5 милиони тони нафта.
Locals are reporting an attack on the oil refinery in Syzran, Samara Oblast. pic.twitter.com/IwQIWpgxFP
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) December 4, 2025
„Санкции со долг дострел“ на Украина
Нападите се дел од поширока украинска кампања насочена кон руската нафтена индустрија, која обезбедува клучни средства и гориво за воените напори на Москва. Објектот Сизран и порано беше цел на напад. Киев повеќе пати користеше домашни беспилотни летала со долг дострел за да ја нападне руската нафтена инфраструктура, а украинските владини и воени претставници ги нарекоа нападите „санкции со долг дострел“ на Киев.
Европа
Маж во Австрија ја оставил девојката на планина, таа замрзнала до смрт: обвинет за убиство
Маж (36) се соочува со обвиненија за убиство од небрежност откако ја оставил својата девојка (33) да замрзне до смрт на Гросглокнер, највисоката планина во Австрија, во јануари. Искусниот планинар наводно ја оставил својата партнерка сама 6,5 часа за да побара помош, во кое време таа починала од екстремниот студ, објавува Дејли Меил.
Двојката од Салцбург била на само 50 метри од врвот на планината висока 3.798 метри кога жената почнала да губи сила и повеќе не можела да продолжи со искачувањето. Наместо да остане со неа, нејзиниот партнер наводно ја напуштил и самиот отишол да побара помош, но било предоцна. По месеци истрага, канцеларијата на државниот обвинител го обвини за убиство од груба небрежност, а тој се соочува со затворска казна до три години.
Канцеларијата на државниот обвинител во својата изјава наведе низа фатални грешки. „Околу 2 часот наутро, обвинетиот ја оставил својата девојка незаштитена, исцрпена, хипотермична и дезориентирана околу 50 метри под врвот на Гросглокнер“, се наведува во обвинението.
„Жената замрзнала до смрт. Бидејќи обвинетиот, за разлика од неговата девојка, веќе имал многу искуство во тури на голема надморска височина и ја испланирал турата, тој се сметал за одговорен туристички водич.“ Истражителите, анализирајќи податоци од мобилни телефони, спортски часовници и сведоштва од експерти, утврдиле дека мажот не зел предвид дека неговата партнерка е неискусна и дека тоа било нејзино прво искачување на голема надморска височина со таква тежина.
Тој е обвинет и дека ја започнал турата два часа подоцна од планираното и дека немал доволно опрема за итни случаи. Дури и кога ја напуштил, не ја засолнил на место заштитено од ветерот, ниту користел вреќа или ќебе за спасување.
Дополнителен проблем беше несоодветната опрема што ја користеше жената – сплитборд и меки снежни чизми, кои се сметаат за целосно несоодветни за мешаниот терен на таква надморска височина. Со оглед на тешките временски услови, со ветрови до 75 км/ч и температури што се чувствуваа како -20 степени поради ветерот, обвинителството смета дека двојката требало да се сврти и да се врати многу порано.
Обвинетиот не повикал помош пред да се стемни, иако биле во неволја од околу 20:50 часот. Кога полициски хеликоптер прелетал над нивната област во 22:50 часот, човекот наводно не дал никакви сигнали. Алпската полиција се обидела да го контактира, и дури околу 00:35 часот по полноќ се јавил на повикот.
Содржината на разговорот е непозната, но после тоа тој повторно не ги контактирал спасувачите, туку го исклучил мобилниот телефон и го ставил настрана. Дури во 3:30 часот наутро, откако со часови бил одвоен од девојката, конечно ги известил спасувачките служби.
Одбраната: „Беше трагична несреќа“
Спасувачкиот хеликоптер не можеше да полета во зори поради силни ветрови. Планинските спасувачи не стигнаа до жртвата сè до нешто по 10 часот наутро, но можеа само да ја потврдат нејзината смрт. Адвокатот на обвинетиот, Курт Јелинек, изјави за медиумите: „Мојот клиент длабоко жали за тоа како се одвиваа работите“.
Сепак, одбраната „сè уште претпоставува дека станува збор за трагична, фатална несреќа“. Судењето е закажано за 19 февруари 2026 година, во Регионалниот суд во Инсбрук. Случајот потсетува и на трагедијата во август, кога руската планинарка Наталија Наговица (47) беше прогласена за мртва откако беше заробена две недели на планина висока над 7.000 метри во Киргистан.
Наговица ја скрши ногата додека се искачуваше на Врвот на победата и остана беспомошна во својот шатор. По неколку неуспешни обиди за спасување, областа беше фотографирана од дрон со термална камера, кој не покажуваше знаци на живот.
„Врз основа на анализата на добиените податоци и земајќи ги предвид комбинацијата од фактори, вклучувајќи ги екстремните временски услови и спецификите на подрачјето, на локацијата Наговицне не се пронајдени знаци на живот“, соопшти тогаш државната безбедносна агенција.
Европа
Медведев за контроверзниот европски план: Ова може да биде повод за војна
Шефот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев вчера предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства во Европската Унија за поддршка на Украина може да претставува повод за војна.
Европската комисија, извршното тело на Европската Унија (ЕУ), разгледува начини на кои руските средства замрзнати во Европа би можеле да се користат за понатамошна финансиска помош за Украина.
„Доколку разбеснетата Европска Унија се обиде да украде руски средства замрзнати во Белгија за да обезбеди заем за репарација, таквите дејствија би можеле да се класифицираат според меѓународното право како посебен вид casus belli, со сите последици кои произлегуваат за Брисел и поединечните земји од ЕУ“, рече Медведев, спомнувајќи го латинскиот термин за чин што ја оправдува војната.
Русија претходно изјави дека ќе возврати доколку ЕУ тргне по овој пат. Комисијата тврди дека ова не е кражба бидејќи средствата би биле во форма на заем, а Украина би требало да ги врати само ако Русија плати воени репарации.
Во среда, Комисијата предложи „Заем за репарација“ за Украина, кој би вклучувал користење готовина од сметките на европските финансиски институции кои држат замрзнати средства на Руската централна банка. Комисијата, исто така, предложи задолжување на меѓународните пазари како алтернатива, нудејќи им на земјите-членки опција што не вклучува користење на руски капитал.
Предлогот за користење на замрзнати средства би ослободил 90 милијарди евра за финансирање на потребите на Украина, околу две третини од проценетиот финансиски јаз од 136,5 милијарди долари за Украина за периодот 2026-2029 година, според Меѓународниот монетарен фонд.

