Европа
Салмонд обвинува дека Шкотите на измама ја отфрлиле независноста
Алекс Салмонд, шкотскиот премиер и лидер на шкотските поборници на независноста кои доживеаја неуспех на референдумот од четвртокот, во неделата го обвини британскиот премиер Дејвид Камерон и другите британски политичари унионисти дека со измама ги придобиле мнозинството Шкоти да ја отфрлат независноста со лажни ветувања за гарантирани дополнителни овластувања.
„Мислам дека ветувањето всушност е измислица изродена од очајот последните денови од кампањата и мислам дека во Шкотска сега тоа сите го сфаќаат“, изјави Алекс Салмонд коментирајќи го ветувањата за проширување на автономијата на Шкотска доколку ја отфрли независноста, што британскиот премиер Дејвид Камерон и другите функционери од сите три традиционални унионистички партии во Велика Британија ги искажуваа последните два дена пред одржувањето на референдумот на 18-ти септември. Тие ветувања следеа откако во испитувањата на јавното мнение приврзаниците на унијата стара 307 години во Обединетото Кралство ја загубија предноста што веќе во јули изнесуваше 26 отсто, па кусо време во предност минаа приврзаниците на независноста.Иако Камерон искажува решителноста да го спроведе она што го најави, во меѓувреме новите власти во Шкотска ги поврза со договорот за паралелните нови уставни аранжмани за остатокот на Велика Британија, вклучително и Англија.Меѓутоа, опозициските лабуристи се спротиставија на тоа поврзување, со што е отворена можност политичките пресметки да предизвикаа одложување на сето она што ѝ беше ветено на Шкотска.„Токму оние коишто беа уверени да гласаат против (на референдум), кои се изманипулирани, сега навистина се гневни“, изјави за BBC Салмонд, која по поразот на неговата кампања за излегување на Шкотска од рамките на Велика Британија најави заминување од челната позиција во Шкотската национална партија (SNP), главниот заговорник на шкотската независност./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.