Европа
Тела на околу 300 млади жени откриени во источна Украина
Во градот Красноармијск во источната украинска Донецка област, која е центар на бунтот на рускојазичното население, како исчезнати се водат речиси 400 жени на возраст меѓу 18 и 25 години, а последните денови биле откриени 286 женски тела, објави премиерот на самопрогласената ткн Народна република Донецк, Александр Захарченко.
Во градот Красноармијск во источната украинска Донецка област, која е центар на бунтот на рускојазичното население, како исчезнати се водат речиси 400 жени на возраст меѓу 18 и 25 години, а последните денови биле откриени 286 женски тела, објави премиерот на самопрогласената ткн Народна република Донецк, Александр Захарченко.
„Речиси 400 жени на возраст од 18 до 25 години исчезнаа во Красноармијск“, каде што беше распореден баталјонот ’Дњепар-1’. Во близината на Красноармијск се пронајдени 286 тела на силувани жени“, изјави Захарченко, кој инаку е етнички русофон Украинец, кого го цитира РИА Новости.
Красноармијск (Красноармејск, на руски), со околу 80 илјади жители од кои мнозинството се Украинци кои како мајчин јазик го наведуваат рускиот, има регионално значење во Донецката област како железнички јазол. Таму прозападните власти го распоредија баталјонот „Дњепар-1“ составен од доброволци до западните делови на земјата кои медиумите ги нарекуваат „платеници“, од самиот почетокот воената операција од април со којашто новите власти во Киев сакаат да ја преземат контролата врз југоисточните области кои ги контролираат проруските бунтовнички милиции,
Според Обединетите нации во овие судири досега загинале 3.700 луѓе, а околу 9.000 биле ранети. Од 5-ти септември, по контраофанзивата на бунтовниците кои ги потиснаа владините сили до брегот на Азовското Море, на сила е прекин на огнот постигнат во Минск, кој со спорадичните нарушувања за кои меѓусебно се обвинуваат двете страни, главно се почитува. Со истиот договор, на побунетите региони Донецк и Луганск со закон им е одреден „специјален статус“ во траење од три години./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.