Регион
Во Франција уапсен екс косовскиот премиер Рамуш Харадинај
Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај е уапсен во средата на аеродромот Басел-Мулус на истокот од Франција, врз основа на меѓународниот налог за апсење кој го издаде Србија поради воени злосторства во текот на судирите меѓу 1998 и 1999 година, пренесуваат агенциите повикувајќи се на извори блиски на истрагата.
Изворите на агенцијата Reuters од правосудните органи на Франција не сакале да дадат поединости за апсењето на поранешниот косовски премиер и еден од поранешните команданти на Ослободителната армија на Косово (ОВК – UCK).
Рамуш Харадинај, сега челник на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) е уапсен при доаѓањето со авион од Приштина и му е даден на француското правосудство, додека се проучува барањето за негово предавање на српските власти, според изворите на AFP.
Харадинај во декември 2004 година беше избран за премиер на Косово. По сто дена поднесе оставка за да одговора за воени злосторства пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.
Највисокиот косовски функционер против кој Хашкиот трибунал водеше процес, беше ослободен во 2008 година, откако му беше судено по 37 обвиненија и потоа повторно беше ослободен на апелациониот суд 2012 година.
Српските власти сакаат да му судат и издадоа меѓународен налог за апсење врз основ на кој накусо беше уапсен во јуни 2015 година кога минуваше низ Словенија.
Во текот на судирите со српските сили неговата единица „Црни орли“ го контролираше пограничниот регион со Албанија. Српските власти ја обвинуваат оваа групација дека измачувала и егзекутирала повеќе десетици српски цивили чиишто тела се најдени во близина на езерото Радоњич, во областа Дечани, во северниот дел на поранешната јужна српска покраина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.