Регион
Ранет познатиот косовски адвокат Азем Власи, префрлен на Ургентен

Приштинскиот адвокат Азем Власи во понеделникот утрото бил ранет од огнено оружје, потврди косовската полиција.
Неговата сопруга Надира Авдиќ-Власи изјави дека едно лице го ранило Власи во рамото и дека тој се наоѓа во Ургентниот центар на Клиничко-болничкиот центар на Косово и е вон животна опасност.
„Утринава кај него дојде едно лице кое бараше од Азем да го застапува во некој предмет. Азем му кажа дека не работи на таков предмет и потоа дојде, како можев да забележам до туркање, по што се чу истрел. Азем е ранет во рамото„ изјави неговата сопруга.
Азем Власи е во свесна состојба и се подготвува за операција, додаде Надира Авдиќ-Власи. Полицијата соопшти дека е во тек интезивна потрага по лицето кое пукаше во Власи.
Азем Власи, покрај тоа што е адвокат и политички аналитичар, беше истакнат политичар во поранешна СФРЈ./МФ/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.