Регион
Борисов по гласањето порача дека нема да се премисли ако Цaчева загуби
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави во неделата дека владејачката партија Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) ќе се повлече од власта, доколку нивниот кандидат Цецка Цaчева биде поразена на вториот круг од претседателските избори.
„Не мислете дека утре ќе излезам и ќе кажам дека сум се премислил. ГЕРБ нема да учествува во раководењето со земјата во ниеден случај, доколку денеска загубиме…“, категоричен беше бугарскиот премиер Бојко Борисов во изјавата за медиумите по гласањето на едно од избирачките места во главниот град Софија.
Борисов притоа истакна дека претседателот е првата политичка фигура во земјата, и доколку изборот на народот е таков, тоа значи дека треба да се реформира целата политичка сцена во земјата. Премиерот, исто така, додаде оти се надева дека Бугарите ќе имаат посилен инстинкт за самоодржување отколку Американците..
Најавите на Борисов за повлекување од премиерското место доколку Цачева не победи, предизвикуваат стравувања дека најсиромашната членка на Европската унија ќе западне во политичка криза, откако се стабилизираше по вонредните парламентарни избори во 2014 година.
Поранешниот командант на бугарските воздухопловни сили 53-годишниот Румен Радев, кандидат поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП) водеше со 51 отсто во однос на 40-проценти колку што анкетите ѝ даваат на 58-годишната Цецка Цачева, која е претседателкана парлaмeнтот. За победата во вториот круг е потребно да се освои еден глас повеќе од ривалот, и притоа нема долен праг на одѕивот на избирачите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.