Регион
Србија официјално од Франција побара екстрадиција на Харадинај
Србија во вторникот упатила официјално барање до француското правосудство за предавање на поранешниот косовски премиер и сегашен челник на опозицијата Рамуш Харадинај, уапсен минатата седмица на француска територија по меѓународна потерница издадена од властите во Белград, кои го товара за воени злосторства извршени во текот на судирот меѓу албанските герилци и српските безбедносни сили во 1998/1999 година во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија.
Како што беше соопштено во Белград за екстрадицијата на Рамиш Харадинај, српското министерство за правда испратило и соодветна документација, врз основа на којашто француските правосудни власти ќе одлучуваат за предавањето на косовскиот политичар.
Србија еден од поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK), поранешен премиери и челник на партијата Алијанса за иднината на Косово (ААК), го бара поради сомневање дека во 1998 и во 1999 година извршил воени злосторства врз цивили кои не биле опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал по кое Харадинај е правосилно ослободен.
Станува збор за воени злосторства против цивили во ткн зона на одговорност Дукаѓини во 1998 и 1999-та во областа на Дечани во 1998 година, а сообвинети беа Идриз Баљај и Љах Браимај. Обвинителите на Трибуналот бараа казна од најмалку 20 години затвор, а на крајот од првото судење Харадинај и Баљај во 2008 година беа ослободени од вината, а Браимај беше осуден на шест години затвор.
Повторното судење на Харадинај и сообвинетите започна во август 2001 година, а по една година беа ослободени од вината, и Харадинај и двата негови соработници од ОВК. Во текот на овој судски процес неколку сведоци беа убиени или настрадале во неразјаснети несреќи на Косово или во странство.
Српското обвинителство против Харадинај поднесе 108 кривични пријави, во кои е осомничен за тероризам, здружување поради непријателска дејност и убивање цивили.
Харадинај на 4-ти јануари беше уапсен на францускиот аеродром Базел-Мулуз-Фрајбург откако долетал од Приштина, патувајќи со дипломатски пасош. Познатиот белградски адвокат со Тома Фила тврди дека „Србија бара предавање на Рамуш Харадинај за нови дела кои не биле опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал и за тоа има докази“.
„Хашкото обвинителство Харадинај го обвини така за тој да биде ослободен. Обвинителството има механизми обвинението, доколку сака, да го напише така да тоа биде одбиено, отфрлено или предметот за застари“, оценува Фила, пренесува агенцијата Hina, коментирајќи ги оцените на меѓународните правни експерти дека Харадинај може да ѝ биде предаден на Србија само доколку злосторствата за кои го товари Србија се разликуваат од оние за коишто веќе му беше судено во Хаг.
Француското правосудство, коешто треба во четврток 12-ти јануари да заседава во врска со случајот на Харадинај, како што тврди Фила, мора врз основа на доказите кои ги презентирала Србија да утврди дека случајот против Харадинај не е политички, а Србија мора да го увери судот дека судењето на Харадинај во Белград бе би имало политички импликации.
Истовремено, адвокатот Тома Фила кој пред Хашкиот трубунал застапуваше многу обвинети, е песимист во врска со позитивен одговор на Франција на барањето на Србија за екстрадиција на Харадинај.
„Реакциите на целиот Запад се дела ние не треба да распишуваме потерници и дека злосторствата сторени над Србите не треба да бидат казнети“, вели Фила за агенцијата Танјуг.
Фила вели дека е „меч со две острици“ сугестијата до Србија да признае дека станува збор „за политичко чувствително прашање“, врз основа на што од Франција би побарала таа да покрене обвинение и да му суди на Харадинај според принципот на универзална јуриздикција за воени злосторства. Убеден е дека Париз тоа би одбил да го прифати, што би имплицирало дека Србија на тој начин го признала политичките конотации на судењето на Харадинај./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.