Регион
Српските партии најпроблематични на косовските избори
Претставниците на Европската Унија во Косово, Мисијата на ЕУ и ЕУЛЕКС, изразија загриженост во врска со пријавените случаи на заплашување и притисок во последните неколку дена на север и на други места во Косово.
„Ја повторуваме потребата сите политички актери да се воздржат од практиките што се во спротивност со демократските принципи и строго да се придржуваат кон законот. За нас, правото на Косово да ги избере
своите лидери без страв и пречки е свет принцип. Сè помалку од тоа не е демократија која народот на Косово ја очекува и заслужува”, се вели во заедничката изјава
И главниот набљудувач на ЕУ мисија за набљудување на изборите, Алојз Петерле, рече дека гласачите во Косово заслужуваат подобра кампањи и дека секое заплашување на кандидатите и нивните семејства е целосно неприфатливо.
Претседателот на новоформираната партија на косовските Срби, Александар Јаблановиќ, и неговата сопруга беа уапсени во неделата вечер во Лепосавиќ откако беше пронајдено оружје кај нив, а во понеделникот наутро беа ослободени.
Инцидентот се случил за време на лепењето изборни плакати во неделата. Српската листа, која исто така се натпреварува на изборите, соопшти дека Јаблановиќ им репетирал пиштол на нивните активисти. Тој се бранел дека нивните активисти биле нападнати од тие на Срската листа кои им го попречиле патот и им ги краделе плакатите.
На претстојните предвремени парламентарни избори се натпреваруваат пет политички субјекти од српската заедница, но Белград ја поддржува само Српската листа. (Крај)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србите објавија детали за дочекот на кинескиот претседател во Белград: „Вучиќ ќе му служи српски вина“
Претседателот на Кина, утре пристигнува во дводневна посета на Белград, а во тек се последните подготовки за неговото пристигнување.
Тој ќе биде придружуван од делегација од 400 луѓе, а ќе го обезбедуваат 3.400 полицајци.
„Блиц“ го објави планот за неговиот пречек.
Кси на аеродромот ќе биде пречекан со свечена церемонија и фолклор. Покрај патот во Белград ќе бидат поставени кинеско-српски знамиња, а на надвозниците ќе бидат испишани пораки.
Свечен дочек ќе биде организиран и пред Палатата Србија. Српскиот и кинескиот претседател ќе потпишат триесетина договори.
За време на ручекот ќе се служат српски јадења и вина, а претседателот Вучиќ лично ќе служи Џинпинг со српски вина, од пенливи до десертни вина, од кои повеќето се автохтони српски сорти.
Девојка од Србија ќе ја отпее песната „Татковино и јас“ на кинески, додека хорот „Чаролије“ ќе ја изведе песната „Прекрасен јасмин цвет“, исто така на кинески. .
Програмата ќе заврши со песната „Ова е Србија“, објави српскиот портал.
Регион
(Видео) Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија
Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година.
Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж со насилство, недозволено поседување оружје, телесни повреди, фалсификување документи, трговија со дрога и членство во криминална организација.
Во акцијата на шпанската полиција одземени се три парчиња огнено оружјо. На некои им беа избришани сериските броеви. Запленети се и сто парчиња муниција, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во кеш.
Извршени се и седум претреси, од кои пет во Естепона.
Меѓу уапсените е и водачот на криминална група по која Србија распишала потерница во 2021 година. Тој е еден од најбараните луѓе во Србија.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.