Регион
Бајден Цела и мирна Европа е невозможна без својот југоисток
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден изјави на самитот не челниците од процесот Брдо-Бриони на југоисточна Европа во загреб дека целосна, слободна и мирна Европа, како што запишаа во заедничката изјава шефовите на државите од регионот, е невозможна без нејзиниот југоисток кој мора да биде интегриран, порачувајќи истовремено дека вратите на НАТО остануваат „ширум отворени“.
„Сонуваме мојата генерација и генерацијата на мојот татко дека ќе постои Европа којашто ќе биде целосна, која е мирна и единствена и сметаме дека тоа не е возможно без југоистокот на Европа кој мора целосно да биде интегрирани во Европа. Тоа е гаранција за целосна и слободна Европа во мир“, рече меѓу другото американскиот потпретседател Џо Бајден во изјавата за новинарите по загрепскиот самит во средата на процесот Брдо-Бриони.
Порача дека САД никогаш не го напуштеле овој дел од светот и дека секогаш мора да внимава на Европа, и изрази цврста предаденост на својата земја не целите зацртани во Дејтонскиот договор. „Цврсто сме доследни на целите зацртани во Дејтонскиот договор, интеграција на овој европски регион првпат во институционалните структури на Европа“, истакна Бајден.
Според него, нема никаква причина границите на Европската унија да не ги обединат, наместо да ги делат овие држави. „Со влегувањето на Балканот и овие држави во НАТО и ЕУ, за мене не најдобриот начин на промовирање на безбедноста и стабилноста“, рече Бајден и ги повика членките на процесот Брдо-Бриони, меѓу кои и Македонија, да бидат смели во покренувањето на неопходните реформи за влегување во евроатлантските интеграции
„Вратите на НАТО остануваат ширум отворени. Хрватска и Словенија покажаа дека тоа е можно низ реформи и помирување“, изјави американскиот потпретседател, споменувајќи ја во тој контекст Црна Гора, „Го поддржуваме многу цврсто нивното членство во НАТО“, порача Бајден.
Истакна дека само во 2015 година САД вложиле 130 милиони долари во ова „ економски и стратешко важно подрачје“.
„И за мене нема дилема: иднината на западниот Балкан е цврсто во Европската унија“, заклучи Бајден. Притоа изрази загриженост од ситуацијата во Босна и Херцеговина, која е „пример за застој на процесите“ и реле дека тамошниот „народ е запрен на патот на напредокот“ поради бавноста не неговите челници.
Повторувајќи ја важноста на овој дел од Европа, се осврна и на прашањето на енергетската зависност и ја истакна неопходноста од диверсификација на изворите на енергијата, бидејќи „ниту една држава не би требало да ја користи енергијата за да манипулира со другите држава на внатрешен и на надворешен план“.
Бајден се осврна и на мигрантската криза, велејќи дека таа претставува големо оптоварување за регионот, но и дека кризата со толку голем прилив имирганти повторно покажала колку југоистокот на Европа од аспект на безбедност и стабилност е извонредно важен за цела Европа. САД мора да се вклучат во решавањето на мигрантската криза, смета Бајден и истакна дека САД издвоиле 4,5 милијарди долари за сириските бегалци. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.