Регион
Постигнат договор, Грција останува во еврозоната
Лидерите на деветнаесетте земји коишто ја сочинуваат еврозоната по маратонскиот самит во Брисел успеаа да постигнат договор за новиот пакет помош за Грција и останување на оваа земја во системот со заедничка валута.
Лидерите на деветнаесетте земји коишто ја сочинуваат еврозоната по маратонскиот самит во Брисел успеаја да постигнат договор за новиот пакет помош за Грција и останување на оваа земја во системот со заедничка валута.
Состанокот на 19-те челници на земјите од европската монетарна унија, кој започна во неделата попладне, беше воден најчесто во тесен круг во кој германската канцларка Анегла Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и грчкиот премиер Алкесис Ципрас се обидуваа да договорат компромис кој подоцна ќе им биде претставен на сите челници.
Подлога за преговорите беше документ на четири страници, кои го подготвија министрите за финанси од еврозоната во саботата и во неделата. Во тој документ, за Грција беа спорни две прашања, предавањето на грчкиот имот од 50 милијарди евра на надворешен независен фонд, кој постепено би ја приватизирал таа сопствености тие приходи би се користеле за намалување на грчкиот долг, како и прашањето за натамошното учество на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во новата програма за финансиска помош.
„Самитот на еврозоната псотигна едногласен договор. Имавме само една цел, да постигнеме договор и конечно го остваривме тоа“, изјави пред новинарите претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по самитот којшто траеше рекордни седумнаесет часа.
Тој изјави дека на Грција ѝ е одобрен нов пакет со помош од околу 86 милијарди евра, но под строги услови, кои вклучуваат и пакет на мерки за штедење коишто грчкиот парламент мора да ги усвои до среда.
„Ова е шанса, Грција со помош на европските партнери, да се врати на патот на економското заздравување раст“, изјави Туск.
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, видно уморен, им порача на новинарите дека нема да се случи „Грекзит“, односно излегување на Грција од еврозоната. „Многу сум задоволен“ изјави тој и рече дека договорот е „типично европско компромисно решение“.
Претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јероен Дијселблом истакна дека проблемот со довербата и намерата на грчката влада да спроведе пакет на реформи е конечно надминат. Тој објасни дека Грција се согласила на клучното барање на доверителите, средствата од приватизацијата да ги префрли во посебен фонд во Луксембург за да се обезбеди тие пари да се трошат на долговите, а не на плати и пензии.
Ова, со барањето трошењето на парите од пакетот на помош да ги контролира Меѓународниот фонд, а не грчката влада, беше главен камен на сопнување на маратонските преговори.
Холандскиот министер објасни дека договорот ќе стапи на сила кон крајот на идната недела, откако ќе го усвои Грчкиот парламент и нејзините европски партнери./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.