Регион
Сараево: Убиецот на војниците се самоуби, можен терористички чин

Мажот кој во средата навечер во приградската сараевска населба Рајловац уби двајца припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина извршил самоубиство околу полноќ, потврди министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ од Париз кој како и претходно заменикот министер за одбрана Борис Јериниќ изјави дека се чини оти нападот бил терористички чин.
Станува збор за извесен Енес Омерагиќ, кој во изјави за полицијата од очевидци бил опишан како „проблематичен“. Тој претходно ноќта од автомат пукал во една обложувалница во населбата Рајловац во непосредна близина на касарната каде се сместени единците на воената полиција во која двајцата убиени војници биле возачи. Покрај нив, напаѓачот ранил уште еден војник, а потоа пукал врз градски автобус, при што со полесни повреди од парчиња стакло се здобиле уште три лица.Според засега достапните информации во сараевските медиуми, Омерагиќ по нападот побегнал во семејната куќа во населбата Сокоље, каде го лоцирала и опколила полицијата, а тој извршил самоубиство. Засега не се знае дали во моментот кога се застрелал бил сам во домот. Истрагата е во тек и треба да открие кои се мотивите за нападот и дали има терористичка заднина. Особено, што во изјавите на некои очевидци се наведува дека тој бил облечен како вехабит, припадник на радикалната исламистичка група којашто има бројни и верни следбеници во БиХ.Малку претходно, во Сараево се одржуваше вонредна седница на Заедничкиот штаб на ОС на БиХ и челниците на државното министерство за одбрана, по што заменикот министер за одбрана Борис Јериниќ изјави дека се чини дека нападот бил терористички акт. Тој ја заминуваше министерката за одбрана Марина Пендеш која е на службен пат во странство. Вториот заменик министер за одбрана, Емир Суљагиќ го опишува убиството на војниците како „ужасно злосторство“„Сé алудира на тоа дека станува збор за напад врз институција и вооружените сили“, изјави Јериниќ за локалните медиуми.Министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ, од Париз за весникот Avaz изјавил дека постојано е известуван за настаните во Сараево. „Знам дека се убиени две лица. Ако се потврди дека станува збор за тероризам, а постои многу извесна веројатност тоа да се случи, тогаш тоа е ситуацијата на тотална небезбедност на граѓаните и мораме брзо и ефикасно да дејствуваме. Мораме да се пресметаме со тоа, бидејќи ќе дојдеме во ситуација тие луѓе да ни го оневозможат нормалното живеење“, рекол Мектиќ.Поради нападот свикана е и координација на претставниците на сите безбедносни служби во БиХ, но министерот за внатрешни работи на БиХ, Аљоша Чимпара и директорот на Управата на полицијата на МВР на Федерацијата БиХ, Драган Лукач тврдат дека полицијата ја контролира ситуацијата, и ги повикаа граѓаните да останат смирени и да не паничат.Убиените војници се идентификувани како 26-годишниот Армин Салкиќ и 34-годишниот Недељко Радиќ, Бошњак и Србин. Двајцата биле возачи во единицата на воената полиција стационирана во касарната во Рајловац./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово, беше прочитана декларација на оваа тема, објави БГНЕС.
„Овој случај не е изолиран, туку еден од многуте што го потврдуваат прогонот на Бугарите во РСМ.
Од пратеничката група на ГЕРБ-СДС, изјавуваме дека оваа пресуда е целосно неприфатлива и ги повикуваме властите во Скопјe да ја запрат репресијата врз бугарската заедница и врз секој што го брани своето неотуѓиво право да се самоидентификува како Бугарин, изјави Јорданка Фандакова.
Оваа пресуда, според неа, е политички мотивирана, тоа е чин на репресија врз Бугарите во РСМ, чии права се систематски кршени.
„Време е властите во оваа земја-кандидат за членство во Европската Унија да престанат да го негираат постоењето на омраза, како и да престанат со сите дејствија што систематски ја поттикнуваат, особено против Бугарија и Бугарите во РСМ.
Бугарија не може и нема да остане рамнодушна кога нејзините граѓани и сонародници се изложени на неправда поради нивниот идентитет. Љубчо Георгиевски не е сам, целата бугарска држава и народ стојат зад него“, рече Фандакова.
БГНЕС во својот напис потсетува дека Основниот суд во Битола го осуди Љубчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, на затворска казна од една година, со услов од две години да не го повтори кривичното дело, предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Како што пренесува медиумот, бугарското Министерство за надворешни работи, вчера ја оцени казната како апсолутно неприфатлива.
Регион
Претседателката на Хашкиот трибунал: Ратко Младиќ добива медицинска нега на високо ниво

Претседателката на Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг, Грасиела Гати Сантана, денес пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк изјави дека генералот Ратко Младиќ добива медицинска нега на „високо ниво“ во притвор.
Младиќ отслужува доживотна казна затвор за геноцидот во Сребреница и воените злосторства против муслиманите и Хрватите за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.
Поднесувајќи го својот редовен извештај за работата на Трибуналот, Сантана ги информираше земјите-членки на Советот за безбедност дека одбраната на Младиќ неодамна побарала тој да биде ослободен од хуманитарни причини поради неговата неизлечива болест.
Регион
Син до смрт ја претепал мајка си во Никшиќ: ја удирал жената по главата, нозете и рацете

Службеници на Одделот за безбедност во Никшиќ го уапсиле С.Г. (59) поради сомнение дека ѝ нанел тешки телесни повреди на својата мајка М.Г. во семејниот стан во Никшиќ. (85), како резултат на што таа починала.
– На 10 јуни 2025 година, дежурната полициска служба била известена од персоналот на Општата болница во Никшиќ дека кај нив е донесена жена со повреди на главата. М.Г. веднаш била префрлена во Клиничкиот центар на Црна Гора, каде што починала денес, пренесува Рина“изјава од полицијата.
За случајот веднаш бил известен државниот обвинител на Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој наредил да се спроведе истрага во станот каде што живееле заедно мајката и синот.
Полицијата утврдила дека С.Г. ѝ нанел повеќекратни повреди на рацете, нозете и главата на мајката. Лекарите ги окарактеризираа повредите како тешки, опасни по живот.
За новите околности бил информиран надлежниот обвинител, кој утврдил дека овој случај содржи елементи на кривично дело – тешко убиство. С.Г. бил уапсен по наредба на обвинителот.
Обвинителот наредил и обдукција на телото на починатата, која ќе се изврши во текот на денот.