Регион
Шешељ: Слободата ќе трае додека ја соборам власта
Претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, кој во среда пристигна во Белград, во седиштето на партијата во Земун изјави дека сака што поскоро да ги собори од власт претседателот Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ кои ги нарече предавници.
Тој изјави дека Хашкиот трибунал „брутално го исфрлил“ од притвор, бидејќи сакале што поскоро да се ослободат од него.„Браќа Срби и сестри Србинки, Хаг на брутален начин ме исфрли од темницата во Шевенинген. Ниту го барав тоа од нив, ниту поставуваа било какви услови. Само сакаа што поскоро да се ослободат од мене“, изјавил Шешељ.Лидерот на радикалите вели дека ќе биде на слобода додека не ја собори сегашната власт.„Рекоа дека ме пуштаат на привремена слобода, а тоа привремено ќе трае сè додека не ги соборам од власт Томислав Николиќ и Александар Вучиќ, нашите предавници кои се одрекоа од идеологијата на српскиот национализам и станаа слуги на западните сили“, изјавил Шешељ, обраќајќи им се на приврзаниците од балконот на седиштето на партијата.Пред илјадниците приврзаници, Шешељ Хашкиот трибунал го нарече глобален ѕвер кој и понатаму ги уништува животите на српските политички и воени лидери.„Ветив дека ќе го растурам Трибуналот. „Борбата траеше подолго отколку што очекував, но на победата во заби не и се гледа“ порача Шешељ.Според него, актуелната власт не презема ништо за да им помогне на останатите Срби во Хашкиот трибунал. „Ним (на Србите во Хаг) им се суди затоа што се нешто највредно што го имал српскиот народ во текот на деведесеттите години. Повеќето од нив, не направиле никакви злосторства, а на нашите генерали им судат затоа што ја бранеа татковината“, рекол Шешељ.Тој оцени дека Владата на Србија праќала министри и советници во Хаг не за да го оспорат тој суд и да им помогнат на обвинетите Срби, туку да и ги „замачкаат очите“ на јавноста во Србија.Шешељ најави дека во четврток во 12 во седиштето на партијата ќе биде организирана конференција за новинари, а митинг ќе има во сабота. /крај/бе/бл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.