Регион
Туск: Мигрантската криза бара глобален одговор
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој изминатиот викенд беше во дводневна посета на челниците на земјите во регионот, вклучително и во Македонија, во средата во хрватската престолнина Загреб изјави дека земјите од југоисточна Европа не можат самите да ја решат мигрантската криза, бидејќи станува збор за глобален проблем кој бара вклучување и на САД, Турција и африканските земји, и истакна притоа дека иднината на регионот е во Европската унија.
„Тоа подрачје во срцето на Европа се соочува со големиот прилив бегалци и имигранти. Мораме да работиме заедно во духот на соработката и координацијата. ЕУ е подготвена да пружи помош“, изјави челникот на Европскиот совет Доналд Туск во изјавата за новинарите по завршувањето на регионалниот самит на процесот Брдо-Бриони, на кој присуствуваше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.„Меѓутоа, повторувам, тоа е глобален проблем. Како што нам ние потребна доследноста на земјите од регионот, потребана ни е и доследноста на САД, Турција и африканските земји“, додаде Туск.Оцени во продолжение дека неодамнешните терористички напади во Анкара, Бејрут, Париз и уривањето на рускиот патнички авион во Египет, се „грозоморен потсетник“ како насилниот екстремизам ја загрозува глобалната безбедност, вклучително и безбедноста на западниот Балкан.„Сеопфатниот пристап против тероризмот мора да вклучува акции за борба против екстремизмот, за спречување на радикализацијата, како и за решавање на проблемот со странските борци“, истакна Туск. Тој ја повтори доследноста на Брисел на политиката на проширување кон земјите од југоисточна Европа.. „Нема сомнение дека иднината на западниот Балкан е во ЕУ. Унијата останува доследна на политиката на проширување на овој регион“, порача европскиот челник.Според Туск, како што пред него од истото место порача и американскиот потпретседател Џозеф Бајден, дваесет години по Дејтонскиот договор, европските и евроатлантските помогнале во трансформацијата на југоисточна Европа. „Она што денес ни е најмногу потребно, е вистинскиот напредок за да заживеат процесите на проширување на земјите кандидатки и да се забрзаат интеграциите на земјите кои сакаат да влезат во НАТО“, истакна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.